[ВИДЕО] Ова е најлудата завршница на маратон во историјата: Американец го престигна ривалот и победи за 0,01 секунда

Точка

09/03/2026

16:26

479

Големина на фонт

а а а

Маратонот во Лос Анџелес засекогаш ќе остане запаметен по настани какви што ретко се гледаат на вакви трки.

Неодамна се одржа маратонот во Лос Анџелес, а оние кои имаа можност да се најдат покрај самата цел присуствуваа на вистински спектакл. Тоа беше веројатно најлудата завршница на една долга трка, бидејќи до целта прв стигна Нејтан Мартин, кој го победи својот ривал за само 0,01 секунда.

Мартин ја помина целта за два часа, 11 минути и 18 секунди, и тоа така што буквално пред финишот го престигна ривалот од Кенија, Мајкл Киманија Камау. Атлетичарот од Кенија водеше во текот на целата трка долга 42,2 километри, а потоа пред самиот крај виде дека Американецот му се заканува и дека постои можност да го стигне. Иако ги даваше последните атоми од силата, тоа не беше доволно.

Мартин трчаше значително побрзо, додека Камау во последните секунди почна да попушта. Токму кога стигна до целта, одзади го достигна Американецот кој „за влакно“ помина прв и ја скина финиш-лентата.

„Направив вистински потег некаде осум километри пред целта … кога видов дека никој друг не забрзува, решив дека морам да дадам сè од себе. На околу 2,5 километри до целта го здогледав лидерот на трката, а на 800 метри до крајот си помислив: ’Морам да го стигнам‘“, изјави по победата Мартин, кој е средношколски тренер по атлетика во Мичиген.

„Немав поим дека сум победил, сè додека не ми кажаа“, додаде тој.