Големото финале во Бразил донесе хаос од невидени размери: Масовна тепачка заврши со тупаници, клоци и 23 црвени картони!

Дерби

09/03/2026

11:27

456

Големина на фонт

а а а

Крузеиро е нов шампион на Миениро шампионатот во Бразил кој се одржува во сојузната земја Минас Жераис, но никој не зборува за освоената титула, туку за начинот на кој заврши финалето меѓу големите ривали.

Завршниот меч меѓу Крузеиро и Атлетико Миениро ќе се памети и прераскажува уште со години во оваа сојузна земја во Бразил, од едноставна причина што сите актери на двата тима режираа хаос што е незамислив за еден фудбалски меч.

Се започна со дуел меѓу голманот на Атлетико Минеиро и напаѓачот на Крузеиро, а потоа целата нервоза се пренесе и кај сите останати играчи на теренот, но и меѓу луѓето од стручниот штаб.

Во неверојатната улична тепачка која ја гледавме на теренот, голем број од играчите си разменија тупаници и клоци, а најтешката работа ја имаше главниот судија.

Официјалниот записник од Бразил вели дека дури 23 играчи заработиле директни црвени картони, па финалето кое заврши со 1:0 никој нема да го памети по резултатот, туку по хаосот и општата тепачка на теренот.