Модриќ имаше дополнителна причина за сатисфакција: Ни помогна духот на Серхио Рамос

Дерби

09/03/2026

12:57

278

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ се израдува на втора победа на своето второ „Дерби дела Мадонина“, но ова беше посебно поради фактот што на стадионот имаше 60 блиски пријатели на кои им обезбеди билет.

Модриќ направи уникатен гест и повика свои блиски луѓе да бидат дел од спектаклот на „Сан Сиро“, а дел од таа група беше и Серхио Рамос кој беше уловен од телевизиската камера.

За да биде впечатокот комплетен, Милан оствари победа од 1:0 и остана жив во трката за Скудетото, бидејќи после овој триумф, ќе има поголема надеж дека може да го брка и престигне Интер во последните десет кола од сезоната.

– Верувавме во победа од самиот старт, а сега која ја остваривме, мора да продолжиме во исто темпо и на следните средби кои следат. Направивме огромен напор за да стигнеме до три бода, бевме извонредни во првиот дел, а очекувано беше Интер да се обиде да одговори во вториот. Тие се силен тим, но и покрај тоа, не им дозволивме речиси ништо. Тоа само покажува колку добро бевме организирани во одбрана, – изјави Модриќ, кој доби прашање и за присуството на неговиот стар пријател од Реал, Серхио Рамос.

– Многу сум среќен во Милан и среќен сум што го видов Серхио на овој стадион. Тој ми напиша порака и ми порача дека сака да го искуси ова дерби. Тоа што беше тука и што присуствуваше на победата, го прави моментот уште подобар. Добивме помош од духот на Серхио, – заврши Лука.