Во разговорот на две легенди на Манчестер Јунајтед, Ники Бат и Пол Сколс развија интересен дијалог и проговорија за тема за која речиси никој не зборува во јавноста, односно за црпењето на фудбалски таленти со помош на видео игри и слични модерни алатки.
Ники Бат откри дека неговиот син кој игра ФИФА многу порано се запознава со фудбалски таленти кои во продолжение нависитна прават трансфери во големи клубови, а на таквата теза се надоврза Пол Сколс кој откри неверојатна приказна за Луи Ван Гал и неговото владеење во Манчестер Јунајтед.
Сколс обелоденува дека Ван Гал го купил Маркос Рохо од Спортинг Лисабон по препорака на неговиот внук, кој претходно го „скаутирал“ левиот бек преку играње видео-игра ФИФА.
– Не сум зачуден од такви приказни во елитниот фудбал. Се зборува дека Ван Гал доведе играч во Јунајтед по препорака на својот внук.
– Како што ми е кажано, Ван Гал го купил Маркос Рохо од Аргентина откако тој му привлекол внимание на неговиот внук додека тој играл ФИФА, – откри Сколс.
Маркос Рохо го засили Јунајтед во 2014-та година за сума од 20 милиони евра, а на „Олд Трафорд“ се задржа до 2021-ва година.








