Столе Димитриевски немаше многу работа на мечот на кој двапати ја вадеше топката од својата мрежа, па иако се доби впечаток дека Алавес е на прагот од голема победа на „Месталја“, домашниот тим во завршните минити направи чудесен пресврт.
Со предност од 1:2 за гостите се влезе во последната 90-та минута од регуларниот дел од мечот и се чинеше дека Столе и соиграчите се во нокаут, но еден добар центаршут на Алмеида направи да видиме карамбол и мешаница по која Чомерт израмни на 2:2.
„Лилјаците“ како да добија нови крилја по голот за 2:2 и тргнаа во апсолутна офанзива по трет гол, а во 95-та минута беше досуден и пенал по прекршокот за кој се избори Уго Дуро.
Напаѓачот на Валенсија ја презема одговорноста и погоди за 3:2 и целосен пресврт, победа која дефинитивно донесе екстаза на теренот и на трибините.
Играчите на Валенсија на големо се израдуваа на драматичниот триумф, по кој сега можат далеку помирно да дишат бидејќи имаат седум бода повеќе од опасната зона.
Головите погледнете ги ТУКА.








