Српското министерство за надворешни работи: Во Хрватска патувајте само доколку морате, во овие 23 земји не се препорачува патување

Точка

05/03/2026

16:06

1.828

Големина на фонт

а а а

Министерството за надворешни работи на Србија денес објави „семафор“ со совети за патувања, на кој сите земји во светот се сместени во четири категории – од зелена до црвена, во согласност со проценката на безбедносните ризици.

Во „црвена“ категорија Министерството за надворешни работи вклучи 23 земји од Блискиот Исток, Азија и Африка во кои на граѓаните од безбедносни причини не им се препорачува патување.

Во „портокаловата“ категорија се наоѓаат 28 земји за кои советот е „патување само во краен случај“, а единствената европска земја меѓу нив е Хрватска.

Во „жолтата“ категорија на семафорот на српското Министерство за надворешни работи се земјите за кои важи советот „патување со дополнителни мерки на претпазливост“, а меѓу нив единствена од Европа е Албанија.

Сите останати земји во светот се ставени во зелената категорија, што значи „слободно патување со вообичаена претпазливост“.


Меѓу 23-те земји во кои на граѓаните „не им се препорачува патување“ се наоѓаат 14 земји од Блискиот Исток: Бахреин, Израел, Ирак, Иран, Јемен, Јордан, Катар, Кувајт, Либан, Оман, Палестина, Саудиска Арабија, Сирија и Обединетите Арапски Емирати.

Во „црвена“ категорија се и Украина, како и Авганистан, Либија, Гвинеја Бисао, Јужен Судан, Мали, Сомалија, Судан и Централноафриканската Република.

28 земји во „портокалова“ категорија, 61 во „жолта“ категорија

Во „портокаловата“ категорија Министерството за надворешни работи на Србија вклучи 28 земји за кои се советува „патување само во краен случај“. На тој список се наоѓаат 27 земји од Африка и Азија и една членка на Европската Унија (ЕУ) – Хрватска.

Во „жолтата“ категорија се земјите за кои важи советот „патување со дополнителни мерки на претпазливост“. На тој список се наоѓаат 61 земја, а од Европа само Албанија.

Семафорот со совети за патувања е достапен на веб-страницата на Министерството, со можност за пребарување за секоја држава.