Иранските ловци биле само на неколку минути од најголемата американска база, соборени од катарски авиони

Макфакс

05/03/2026

12:32

2.036

Големина на фонт

а а а

Иранските бомбардери биле на само неколку минути од напад врз најголемата американска воена база на Блискиот Исток, но биле спречени во тоа од катарските борбени авиони, кои ги собориле во нивната прва воздушна борбена мисија, изјавиле за Си-ен-ен два извори запознаени со операцијата.

Иранската револуционерна гарда во понеделник наутро испрати два тактички бомбардери Су-24 од советската ера во воздухопловната база Ал-Удеид, во која се сместени околу 10.000 американски војници. Другата цел беше Рас Лафан, клучен објект за преработка на природен гас и темел на економијата на Катар.

Според еден од изворите, иранските авиони биле на само „две минути“ од нивните цели. Друг извор потврди за Си-ен-ен дека авионите биле визуелно идентификувани и дека е утврдено дека се „вооружени со бомби и наведувана муниција“.


Катарските сили испратиле радио предупредување, но не добиле одговор од екипажите на бомбардерите, кои се спуштиле на висина од само 25 метри за да избегнат радарско откривање, рече друг извор.

Поради „временски ограничувања“ и „врз основа на достапните докази“, авионите биле „класифицирани како непријателски“. Потоа Катар испратил борбени авиони, а катарски Ф-15 се вклучил во „борба“ со иранските авиони и ги соборил, додаде изворот.


Остатоци од иранските авиони паднале во територијалните води на Катар. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, во вторникот изјави дека е во тек потрага по членовите на екипажот