[ФОТО/ВИДЕО] Од рај за Балканските туристи до апокалипса: Невремето направи пустош ширум Грција – уништени крајбрежја, куќи, патишта, локали...

Точка

17/02/2026

15:30

2.895

Големина на фонт

а а а

Неверојатни сцени од Грција се споделуваат на социјалните мрежи, омилените летувалиште на многу од Балканците поради јаките јужни ветрови, високите бранови и врнежи се непрепознатливи.

На удар на невремето најмногу биле северните делови од Грција, како омилените летувалишта на Балканците – Паралија, Олимпик Бич, делови од Халкидики, но и Солун, пренесува „Грчка инфо“.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција веќе ги ставил регионите како Пелопонез, Западна Грција, регионот Јонски острови и Епир под „црвен аларм“ денеска, 17 февруари поради невремето.

Делови од Солун поплавени

Ниту вчера ситуацијата не била подобра. Невиден феномен се случил во Солун, во областа Каламарија каде жителите и посетителите кои го поминувале попладнето покрај крајбрежјето биле изненадени кога нивото на морето одеднаш се зголемило. Водата ги покрила крајбрежните патишта, деловните простории и паркинзите. Автомобилите до половина биле под вода.

Како изгледа Паралија после излевање на морето

Поради обилните дождови и зголемување на нивото на морето, дошло до излевање и запирање на сообраќајот во многу делови од Грција, како Олимпискиот регион, Халкидики...


Огромни последици од невремето во Халкидики

Невремето исто така направило голема штета на Халкидики, оштетени се Никити, додека пак на повеќе локации дошло до запирање на сообраќајот.

Силното невреме кое го погодило Халкидики зад себе оставило сериозни последици. Иако времето денеска се стабилизирало, ситуацијата на терен и натаму е отежната, а на одредени места и ризична за движење.

Според информациите на надлежните служби, сообраќајот бил запрен на повеќе делници поради вода, кал и камења, како и оштетување на коловозите настанати како последица на дождовите и поплавите.

На одредени места дошло до одрони, додека пак врнежите нанеле и голема количина материјали на патиштата. Екипите се на терен и работат на санација и чистење, за сообраќајот да се нормализира.

Nevreme napravilo veliku štetu na Halkidikiju – oštećenja u Nikitiju, prekidi saobraćaja na više lokacija!


Snažno...Posted by Grckainfo.com on Monday, February 16, 2026

Никити најтешко погоден

Една од најтешко погодените области е Никити, каде значајно се оштетени крајбрежните делови од местото.

Јаките ветрови и високите бранови го излеале морето на шеталиштето и патот, носејќи со себе песок и камења. На повеќе места дошло до ерозија на крајбрежјето, како и до оштетување на патот и тротоарот поради што движењето по крајбрежјето е отежнато или привремено оневозможено.

Локалните угостители и туристички работници апелираат на итни санации за да се отстрани штетата пред велигденските празници кога почнува поинтензивно доаѓање на гости и подготовка за летната сезона.

Grčka nastavlja da otklanja posledice nakon još jednog nevremena.


Vetar je na Kritu i kod ostrva Ikarija dostizao...Posted by Grckainfo.com on Monday, February 16, 2026

На Крит и Икарија ветер до 120 км/ч

Вчера ветерот на Крит и кај останатите острови достигнал брзина од 120 км/ч, пренесува „Грчка инфо“.

Во многу од пределите на планинска Грција почнало големо невреме, а оштетени биле и патиштата. Во некои крајбрежни подрачја, поради силните ветрови, морето поплавило делови од градовите, вклучувајќи ги Катерини, Кавала и јужните општини од Атина.

Фотографиите од Крит, Месинија, Катерини, Кавала и Паралија прикажуваат катаклизмични последици од силното невреме кое ја погоди Грција.