Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Макфакс

30/12/2025

14:15

209

Големина на фонт

а а а

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда.

Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди.

По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете кое се повредило кога петарда експлодирала во неговата рака. По укажаната медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.