Збогатете ја вашата празнична трпеза со вкусни и здрави десерти од Виталиа

Точка

29/12/2025

13:47

252

Големина на фонт

а а а

За време на зимските празнични денови, трпезата е често побогата, поразновидна и покалорична од вообичаено. Новогодишните и божиќните прослави се денови за уживање и заедништво, а одржувањето на балансирана исхрана е клучнa за да се чувствуваме енергично и лесно, а сепак да си дозволиме да уживаме во секој залак. Здравата празнична трпеза не значи откажување од вкусот и задоволството, туку внимателен избор на природни состојки со кои вкусот и хранливите вредности одат рака под рака.

Вкусните десерти се секогаш најслаткиот дел од празничната трпеза, а со вклучување на нутритивно богати десерти, истовремено ја задоволувате желбата за слатко и уживањето станува и здрав избор. Од нутритивен аспект, изборот на квалитетни и внимателно избрани намирници придонесува за подобро дигестивно здравје, стабилно ниво на енергија и чувство на леснотија во организмот. Пример за тоа се веганските протеински кремови од какао, млечните кремови од кикирики или лешник, путерите од јаткасти плодови богати со растителни влакна и без палмино масло. Овие производи користат природни засладувачи како малтитол и стевиа, кои обезбедуваат слаткост без додаден шеќер, па можете да уживате во нив без грижа на совеста. Комбинацијата од протеински крем, суво овошје и природен јаворов сируп богат со минерали освојува уште на првиот залак.


Со природни засладувачи и нутритивно балансирани намази можете да ги подготвите омилените колачи и слатки без компромис во вкусот, притоа задржувајќи висок хранлив квалитет и поддршка за здрав начин на исхрана. А зошто пак, да не ја дочекате новата 2026 година и да ги прославите празничните денови со корнфлекс штанглички лесна за подготовка и за која ви се потребни само 4 состојки.


Рецепт

Потребни состојки:

• 300 г корнфлекс Виталиа

• 2 лажици Ливадски мед Виталиа

• 200г путер од кикирики Виталиа

• 200г веган какао крем од лешници Виталиа

Подготовка: Се блендира корнфлексот и се меша со путер од кикирики и медот. Се поставува на дното на правоаголен сад. Се прелива со растопен веган какао крем од лешници.

За гурманско уживање, спремете неодоливо и здраво тирамису. Вашата празнична трпеза треба да приушти уживање во различните вкусови без прекумерно оптоварување на телото. На тој начин, овие магични денови остануваат време за радост, споделување и вкусни моменти, а здравата исхрана станува природен дел од секоја домашна трпеза.

Комерцијален текст