[ВИДЕО] По веста дека некогашната ѕвезда на „Никелодеон“ е бездомник, поранешниот колега го пронашол и го сместил во хотел

Точка

24/12/2025

12:41

1.379

Големина на фонт

а а а

По веста дека некогашната ѕвезда на „Никелодеон“, Тејлор Чејс, живее како бездомник во Лос Анџелес, неговиот колега Даниел Кертис Ли го пронашол и го сместил во хотел.

Чејс и Ли глумеле во серијата „Ned’s Declassified School Survival Guide“, која се емитувала од 2004 до 2007 година. Откако веста за состојбата на Чејс се проширила во медиумите и на социјалните мрежи, Ли се потрудил да го пронајде и да му помогне.


Тој споделил снимка на социјалните мрежи, на која може да се види како му приоѓа во придружба на полицаец, а потоа го однел на ручек. Дури и преку видеоповик комуницирале со уште еден колега од серијата, Девон Веркхајзер.

Потоа Ли го однел Чејс во хотел, а во описот на снимката напишал: „Тејлор Чејс и Куки повторно се обединија со Нед преку видеоповик. Добро нахранет и безбеден од дождот. Обезбедени е и хотел. Еден чекор поблиску до долгорочно лекување“.


Во објава на Инстаграм, тој детално ги опишал напорите што ги вложил за повторно да се поврзе со својот поранешен колега и да му обезбеди соба.

Ли рекол дека успеал да го убеди Чејс да разговара со својот татко, и додал дека ноќта претходно се обиделе да го сместат во болница, но тој се откажал.

Исто така, Ли кажал дека разговарал со мајката на Чејс, која му рекла дека давањето пари на актерот може да биде опасно, како и дека мајката се обидела да го смести во центар за рехабилитација, но тој избира дроги додека се бори со ментални проблеми.