[ФОТО] Се омажи славната тенисерка: Четири фустани, згоден „принц“ и совршена венчавка

Точка

24/12/2025

08:01

2.688

Големина на фонт

а а а

Тенисерката Венус Вилијамс се омажи за својот свршеник, поранешниот манекен и актер Андреа Прети, минатиот викенд, а оваа прекрасна вест доаѓа кратко откако неодамна објави фотографии од нејзината свршувачка.

Една од најуспешните тенисерки и згодниот Италијанец, кој е осум години помлад, се во врска од јули 2024 година, а тој ѝ предложил брак на 31 јануари 2025 година. Истата година, таа го кажа своето судбоносно „да“ во Флорида, во романтична атмосфера каде што нејзината постара сестра, легендарната тенисерка Серена Вилијамс одржала говор.


Венус објави низа фотографии од свадбата на социјалните мрежи, на кои позирала во дури четири фустани, сите во бела боја и многу романтични и женствени, додека нејзиниот сопруг носел костум во светла боја во комбинација со црна кошула и црни чевли.


Изгледаа божествено, а интересно е што Венус не беше единствената што носела бело. Серена исто така изгледаше беспрекорно во белиот фустан со длабоко деколте што ја следи линијата на телото и чипкани ракавици со должина над лактите.


Церемонијата на венчањето претходно била одржана во септември оваа година во Италија, родната земја на младоженецот, а сега е ред дојде и втората венчавка, во Флорида.

„Сите многу се сакаме. Беше најсреќниот, најубавиот, најслаткиот ден“, изјавила Венус за „Вог“ по свадбата.


Прославата ја организирала Џенифер Забински, која била задолжена и за луксузната свадба на Серена Вилијамс и Алексис Оханијан во 2017 година.