[ФОТО] Бомбакис со емотивна објава за неговата ќерка: „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука целиот твој живот, но...“

Точка

24/12/2025

16:01

614

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерот Кристијан Станковски, во јавноста познат како Бомбакис, сподели исклучително емотивна објава посветена на својата ќерка, по повод нејзиниот роденден.

Во објавата, која привлече големо внимание и бројни реакции од неговите следбеници, Бомбакис преку искрени и длабоко лични зборови ја изрази својата безусловна љубов и посветеност како родител. Тој напиша:

„Бибе мое… Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука целиот твој живот, но можам да ти ветам дека додека дишам и постојам во овој суров свет дека ќе ја имаш целата моја љубов и поддршка“.


На фотографијата што ја објави, Бомбакис држи картон на кој пишува „две години чиста љубов“, симболично одбележувајќи два прекрасни години со својата ќерка.

Оваа порака, исполнета со емоција и родителска искреност, беше доживеана од јавноста како силен потсетник на вредностите на семејството и љубовта, кои стојат над сè друго. Многумина ја пофалија неговата отвореност и начинот на кој јавно ја покажува својата грижа и приврзаност кон ќерката.

Автор: Ц.Н.