Се појавија нови фотографии од мистериозен храм на таканаречениот „педофилски остров“ на Џефри Епстин, откривајќи кодирани симболи и користени, валкани душеци.
Најновата колекција документи од Министерството за правда вклучува фотографии направени во бизарна градба која првпат била откриена на снимки од дрон над островот Литл Сент Џејмс во 2019 година.

Градбата во облик на коцка, покриена со сино-бели ленти, со години е предмет на шпекулации и теории на заговор.

Фотографиите од внатрешноста ја покажуваат зградата во лоша состојба, со вишок дрвени штици расфрлани наоколу и изложени бетонски панели.

Една фотографија прикажува два душека кои се чини дека биле оставени да скапуваат во заштитна фолија која добила жолтеникава боја.
Таванот бил рачно насликан и прикажува разни животни, како и соѕвездија на облачно небо, заедно со знаците на зодијакот.


Голема, празна дрвена полица за книги се чини дека останала во добра состојба, иако другите делови од собата изгледале недовршено, пишува „Дејли мејл“.
Теоретичарите на заговор се особено фокусирани на оваа необична градба, која била изградена некаде помеѓу 2009 и 2013 година на југозападниот дел од островот Литл Сент Џејмс, веднаш до брегот на американската територија Сент Томас.

Сè што претходно било јавно познато за оваа градба потекнувало од фотографии од воздух, бидејќи целиот остров бил под силно обезбедување.
Не е познато кога се направени фотографиите, но се верува дека златната купола била уништена за време на ураган некаде пред 2017 година.

Милијардерот почнал да го трансформира островот од 78 хектари кратко откако го купил во 1998 година, отстранувајќи ја автохтоната вегетација, окружувајќи го имотот со високи палми и поставувајќи две џиновски американски знамиња на двата краја од островот.

Фотографиите од храмот изгледаат скромно во споредба со другите фотографии кои како што се чини го прикажуваат Епстин како бакнува и прегрнува девојчиња во неговиот приватен авион.
Тие фотографии кои предизвикуваат мачнотија, врамени и изложени во неговата вила на островот Литл Сент Џејмс, го прикажуваат педофилот како прегрнува млади девојки кои изгледаат како малолетнички.
На една фотографија се гледа како финансиерот за време на летот во авионот Лолита Експрес во скут држи како што изгледа, девојче.

На друга фотографија се гледа како седи до друг патник, наизглед дете со книга и списание расфрлани пред него.
Други ужасувачки фотографии објавени за време на објавувањето на документите во петокот го прикажуваат Епстин како прегрнува, како што изгледа, дете и како бакнува црвенокосо девојче во главата.
Не е јасно дали лицата од женски пол на недатираните фотографии биле жртви Епстиновиот ланец за трговија со луѓе со цел сексуална злоупотреба. Тој бил обвинуван за злоупотреба на девојчиња на возраст од само 11 години.

Тие фотографии биле меѓу повеќе од 300.000 фајлови објавени од Министерството за правда во петокот. Документите биле редигирани и не откриле никакви големи нови откритија.
Најмалку 16 фотографии, вклучувајќи ја и онаа на која е прикажан сегашниот американски претседател Доналд Трамп окружен со жени во бикини, биле мистериозно отстранети од онлајн архива во саботата, предизвикувајќи обвинувања за прикривање од страна на администрацијата на Трамп. Фотографиите во меѓувреме биле вратени.

Илјадници јавно објавени документи нудат досега најдетален увид во речиси две децении државен надзор над сексуалната злоупотреба на млади жени и малолетни девојчиња од страна на Епстин.
Пакетот материјали објавен во петокот вклучувал фотографии од поранешниот претседател Бил Клинтон и други познати имиња, како што се музичките ѕвезди Мик Џегер и Мајкл Џексон.

Меѓутоа, некои од најзначајните документи што се очекуваа во врска со Епстин не се појавија, како што се интервјуата на ФБИ со преживеаните и внатрешните меморандуми на Министерството за правда за одлуките за поднесување обвиненија.

Тие записи би можеле да објаснат како истражителите го гледале случајот и зошто на Епстин во 2008 година му било дозволено да признае вина за релативно поблаго кривично дело проституција на ниво на сојузна држава.
Демократите, исто така, ги обвинија републиканците за прикривање откако фајловите објавени во петокот повеќе не беа достапни на веб-страницата на Министерството за правда до сабота.
Меѓу исчезнатите фајлови биле фотографии од голи жени, а една прикажувала серија фотографии распоредени низ комода и во фиоки.
На таа фотографија, во една фиока можат да се видат покрај другите фотографии и фотографија од Доналд Трамп, заедно со педофилот, Меланија Трамп и долгогодишната соработничка на Епстин, Гислен Максвел.

Министерството за правда соопшти дека фотографијата на претседателот Трамп била означена од Јужниот округ на Њујорк „поради можни понатамошни чекори за заштита на жртвите“.

Објавувањето на документите во петокот, преполни со редигирани делови, не ги намали барањата за дополнителни информации, со оглед на тоа колку записи сè уште треба да бидат објавени и фактот дека некои материјали веќе претходно биле јавно достапни.

Демократот од Калифорнија Ро Кана и републиканецот од Кентаки Томас Меси изјавиле дека би можеле да подготват предлози за отповикување на државната обвинителка Пам Бонди поради, како што сметаат, груб неуспех на министерството да се придржува до Законот за транспарентност на фајловите на Епстин.
„Не станува збор за рокови, туку за селективно прикривање“, изјавил Кана во емисијата „Face the Nation“ на „CBS“, додавајќи дека бројот на цензурирани документи е претеран.

Тој додал дека верува дека ќе има „двопартиска поддршка за нејзино повикување на одговорност и дека конгресен одбор треба да утврди дали ова цензурирање е оправдано или не“.
Заменик-државниот обвинител, Тод Бланч, во недела го бранел цензурирањето. Тој тврдел дека одлуката на Министерството за правда, да објави само дел од фајловите на Епстин до рокот што го одредил Конгресот, била неопходна за да се заштитат жртвите на педофилот.














