Во пресрет на 2026 година, македонскиот пазар на труд се соочува со парадокс: технологиите никогаш не биле понапредни, а квалификуваниот кадар никогаш потешко достапен. Дали ерата на „лојалност за плата“ дефинитивно заврши?
Ова ќе биде централната тема на панелот – „Предизвици на пазарот на труд: Талент, технологија, трансформација“ во рамките на претстојниот The Economist MeetUp – Светот во 2026, каде врвни менаџери ќе откријат како ги трансформираат своите организации за да преживеат во време на акутен недостиг на работна сила и демографска ерозија.
Лидерство наместо микроменаџмент
Тони Јанковски од Diners Club Македонија смета дека клучот лежи во првите 90 дена од вработувањето, период кој ја дефинира иднината на вработениот.
„Силните компании не се раѓаат, тие се градат од луѓето. Културата не е постер на ѕид, туку средина каде луѓето се чувствуваат слободни да кажат 'ова можеме подобро',“ вели Јанковски.

Платата е само почеток, културата е таа што задржува
Владимир Стефановски, плант менаџер на германскиот гигант Kiel Македонија, предупредува дека стратегиите за вработување од минатото веќе не функционираат.
„Задржувањето на кадарот повеќе не е прашање само на финансии, туку на култура и доверба. Нашата стратегија не се базира на чекање на 'готов кадар', туку на градење локален талент преку дуално образование,“ е ставот на компанијата кој ќе биде презентиран на панелот.

Припадност и правила
За „меките вештини“ што ја прават разликата ќе говори Павле Зимбаков, тренер за професионален развој. Тој ќе се осврне на потребата од креирање организациска култура каде вработените чувствуваат припадност, но и важноста од јасно поставени принципи на функционирање.

Што ќе донесе панелот? На настанот The Economist MeetUp, панелистите ќе отворат жешки прашања:
• Како организациите да се адаптираат на новите workforce динамики?
• Дали вештачката интелигенција ќе го замени човекот или ќе го направи покреативен?
• Како да се премости јазот во вештини (skills gap)?
Заклучокот е јасен: Во 2026 година, компаниите што инвестираат само во технологија, а не во луѓе, ја губат трката. Дознајте повеќе на: https://economistmeetup.com.mk/.











