Највисокиот хотел на светот не е екстравагантен како што би се очекувало од Дубаи: заедничките простори се елегантни, но не претерано.
Собите се удобни, а погледот – особено од високите катови и базенот на кровот се неговиот најголем адут.
Светот го има највисокиот хотел, а рекордерот се наоѓа во Дубаи. Очекуван со нетрпение, „Ciel Tower“ службено е отворен и се издигнува на 377 метри над Дубаи. Овој хотел никогаш не требало да биде највисок на светот, но градбата спонтано растела како што скиците се менувале, а содржините само се додавале.
„Знаевме дека сакаме да изградиме нешто спектакуларно, но не планиравме да го изградиме највисокиот хотел на светот“, изјавил Роб Бурнс, извршен директор на проектот за „CNN“.
„Не е безобразно луксузен“
Без оглед на висината која е за восхит, овој хотел се сместил на 3.600 метри квадратни, малку помалку од професионално фудбалско игралиште, што е скромно за Дубаи.
Ни внатрешноста не е безобразно луксузна, нема луди фонтани ни скулптури, но затоа ентериерот од закривени линии е мудро дизајниран што се чини дека хотелот е многу поголем отколку што навистина е.
Но, од воздух новиот највисок хотел на светот и тоа како е впечатлив: зградата има голем отвор за да им одолее на моќните ветрови, односно да ги „пропушти“ низ преминот.

Осум ресторани
Она што го одзема здивот во новиот хотел на 82 ката со малку повеќе од илјада соби е панорамскиот поглед. Хотелот има осум ресторани на своите горни катови, а највисокиот меѓу нив е „House of Phoenix“ сместен на 81 кат со панорамски поглед.
Гостите на располагање имаат и три базени, а најубав меѓу нив е оној на 76 кат којшто дава впечаток како да сте на небото.
Највисокиот хотел на светот не е екстравагантен, како што тоа може да се очекува од Дубаи: заедничките простори се елегантни, но не се претерано. Собите се удобни, а погледот е особено спектакуларен.













