[ФОТО] 13-годишната ќерка на Бијонсе го украде вниманието на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес: Фановите ја споредуваат со нејзината мајка

Точка

12/12/2025

08:52

976

Големина на фонт

а а а

Блу Ајви Картер и нејзиниот татко Џеј-Зи го привлекоа вниманието на јавноста кога се појавија заедно на НБА натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио Спарс, одржан во „Crypto“ арената во Лос Анџелес.

Имено, Блу Ајви пристигнала на натпреварот во друштво на својот татко, облечена во црна комбинација со елегантни очила за сонце, додека нејзината брановидна коса ѝ паѓала преку рамената. Многумина веднаш ја забележале неверојатната сличност со Бијонсе во нејзината младост.

Иако пејачката не им се придружила на семејното излегување, социјалните мрежи брзо се исполнија со коментари за изгледот на Блу Ајви.

„Сакате да ми кажете дека ова не е Бијонсе од 1999 година?“, „На оваа фотографија толку личи на својата мајка“, „Ова не е Бијонсе“, беа некои од коментарите на X.

Исто така, нејзиниот моден стајлинг не остана незабележан. Многумина го пофалија нејзиниот стил, а еден корисник напиша: „Стилот на Блу Ајви веќе е легендарен на оваа возраст“.

Бијонсе и Џеј-Зи кои се во брак од 2008 година, освен 13-годишната Блу Ајви ги имаат и 8-годишните близнаци Руми и Сер.