Се шпекулираше дека ќе раскинат: Шер (79) откри дали ќе се омажи за 40 години помладиот избраник

Точка

12/12/2025

18:06

302

Големина на фонт

а а а

Музичката дива Шер (79) веќе неколку години ужива во љубовта со Александер Едвардс, кој е 40 години помлад од неа, а неодамна се појави веста дека пејачката ќе му го каже судбоносното „да“.

Сепак како што соопштил тимот на пејачката таа вест е лажна. Исто така, имаше гласини дека двојката е на работ на раскинување, но ниту тоа не е вистина, а Шер изгледа позаљубена од кога било.


„Апсолутно нема планови за брак во блиска иднина“, пренесе „E! Online“.

Наводно, Шер сега има премногу деловни обврски на кои треба да се посвети, а на нејзиниот партнер воопшто не му пречи тоа.


Шер и Александер се запознале во 2022 година на Неделата на модата во Париз, а тој веќе тогаш ја освоил со својот шарм и духовитост. Пред неа, Едвардс бил во врска со Амбер Роуз, со која добил син, но таа љубов била прилично бурна.


Кога раскинале, Амбер го обвинила дека ја изневерил со 12 жени, а потоа тој дури и самиот го признал тоа. Сепак, Шер не се плаши од слична судбина и ужива во љубовта со Едвардс.