„Њујорк е мртов, нека почива во мир“

Точка

07/11/2025

17:39

4.487

Големина на фонт

а а а

Раперот 50 Сент предизвика бура на социјалните мрежи откако со контроверзна објава реагираше на победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк.

Мамдани стана првиот муслиман и Јужноазиец на чело на „Големото Јаболко“, а неговите најави за даночни реформи очигледно не му се допаднале на познатиот музичар.


Мамдани остро го критикуваше својот противкандидат Ендру Куомо, но и претседателот Доналд Трамп. Познат е по тоа што не се воздржува да го изнесе своето мислење, а на негов удар, покрај политичарите, сега се најде и еден од најпознатите рапери во светот.

Контроверзии поради даночните најави

Сè започна откако Мамдани ги објави своите планови за зголемување на даночната стапка на добивка за компаниите на 11,5 проценти и воведување паушален данок од два проценти за жителите на Њујорк со годишна плата поголема од еден милион долари.

Реакцијата на раперот: „Почивај во мир, Њујорк“

Еден од оние кои очигледно се налутија поради оваа политика беше 50 Сент. На својот профил на „Инстаграм“ тој објави фотографија од надгробен споменик, генерирана со вештачка интелигенција, со која сакал да порача дека градот е „мртов“. На споменикот стои натписот:

„Почивај во мир, Њујорк. Основан 1624. Почина 2025“.


Бурни реакции на корисниците

Објавата собра 427.000 лајкови за само еден ден, но корисниците на социјалните мрежи брзо го изразија своето мислење за реакцијата на раперот — некои дури застанаа на страната на новиот градоначалник.

„Тоа што богатите се лути поради изборот е добра работа за обичните граѓани“, напишал еден корисник.

„Ми се допаѓаше порано, но да одиш против Мамдани не изгледа добро за една богата славна личност. Политиките на Мамдани ќе им помогнат на семејствата со пониски приходи и на луѓето кои се борат да имаат храна на масата. Возбуден сум да видам што ќе направи како градоначалник. Сметам дека ова е одлично за Њујорк!“, напишал друг.

Препукувањата траат од претходно

Ова не е првпат 50 Сент да се осврне на Мамдани. Уште во јуни тој сугерираше дека би му платил на политичарот да го напушти Њујорк:

„Од каде дојде овој човек? Чиј пријател е тој? Не ми се допаѓа овој план. Не. Ќе му дадам 258.750 долари и авионска карта во еден правец, прва класа, далеку од Њујорк. Ќе му кажам и на Трамп што рече!“, изјави тогаш раперот.

Мамдани му одговори за време на гостувањето во емисијата „The Beat with Ari Melber“ на „MSNBC“:


„Тој е критичар! Не знаев ни колкава ќе ми биде платата додека не отворив Инстаграм и не ја видов објавата која гласеше: ‘50 Сент му нуди х-износ на пари на Мамдани’“.

„Помислив: ‘Тоа е многу специфична сума на пари. О, Боже!’“, додаде тој.

Потоа ги изненади гледачите со шега на сметка на раперот, признавајќи: „Иако не се согласуваме околу даночната политика, секогаш кога ќе добијам закана за убиство, сè уште ја слушам песната „Many Men“ (песна на 50 Сент)“.