[ФОТО] Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20 – Скопје се сака со дела

Макфакс

07/11/2025

15:45

2.673

Големина на фонт

а а а

Од понеделник 55 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.

🚍 55 од понеделник и уште 20 автобуси до Нова година - Скопје се сака со дела!


♥️ На мое големо задоволство, денес...

Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Friday, November 7, 2025

Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.

Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.