За да заработи дневница и да го прехрани своето семејство, еден градежен работник се искачил на кран и чекорел по неговиот тесен метален дел – триесетина метри над земја, без појас, без заштитна опрема, без никакво осигурување.
Снимката, направена некаде на црногорското приморје, за кратко време предизвика лавина коментари и неверување на социјалните мрежи.
Објавата споделена на страницата „Podgorički vremeplov“, која наводно потекнува од Црна Гора, ги натера многумина да се запрашаат – до каде оди човечката мака за егзистенција. Во описот на видеото, каде се гледа како работникот оди по кранската конструкција, стои коментар кој совршено ја отсликува суровата реалност:
„Се движеше по градежен кран без заштитна опрема. Дали е тоа лудост, храброст или единствениот начин да се обезбеди плата? На градилиштата се ризикува многу повеќе отколку што се гледа, но понекогаш изборот и не постои. Да размислиме за безбедноста – секоја плата вреди само ако се вратиме дома живи и здрави.“
Шок во коментарите
На видеото се гледа како мажот оди по металната конструкција на кранот, додека под него се протега целото градилиште.
Во коментарите под објавата – шок, иронија и огорченост се менуваат еден по друг.
Еден корисник напиша:
„Која опрема и да ја земе, само ќе му го отежне движењето. Ова можат само храбрите, лудите и оние чии деца се гладни.“
Друг му одговори:
„Ако, не дај Боже, падне – никаква заштитна опрема нема да го спаси.“
„Чесните луѓе се мачат“
Имаше и обиди ситуацијата да се „разблажи“ со шега:
„Јас не би се качил ни за цел пакет’Vinjak‘“,
додека други коментираа кратко:
„Бог нека го чува.“
Меѓутоа, се издвојуваа и посериозни гласови:
„Поради таквите што велат ’можам јас тоа‘, работодавците ги тераат и другите да прават што треба и што не треба.“
А еден коментар особено одекна меѓу сите:
„Се мачат и понатаму чесните луѓе, преживуваат од чесна работа, додека другите се снајдоа – во партии.
Меѓу шегите дека „ни падобран не би му помогнал“ и иронијата дека „оди побрзо од некои преку улица“, се провлече вистинската суштина – суровата реалност на работниците кои го ризикуваат својот живот само за да ги прехранат своите семејства.















