[ВИДЕО/ФОТО] Магазинот „People“ одлучи: Ова е најсекси маж на светот за 2025 година

Точка

04/11/2025

08:12

2.003

Големина на фонт

а а а

Магазинот „People“ го избра британскиот актер Џонатан Бејли (37) за најсекси маж на светот за 2025 година.

Веста беше објавена синоќа во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“.


Бејли светската слава ја стекна благодарение на улогата на лорд Ентони Бриџертон во успешната драма на „Netflix“ — „Bridgerton“, која ја освои публиката ширум светот. Потоа, актерот се префрли во холивудските води и оствари забележителни улоги во големи филмски проекти како „Jurassic World Rebirth“, „Wicked“ и во претстојното продолжение „Wicked: For Good“.

Бејли ја наследи титулата од Џон Красински, кој ја освои минатата година.


На прашањето како се чувствува откако дознал дека е избран за „Најсекси маж на светот“, Бејли за „People“ изјави: „Ова е огромна чест. Искрено, многу сум поласкан, а во исто време ми е и малку апсурдно“.

Тој додаде дека со нетрпение ги очекува реакциите на своите пријатели и семејството кога ќе ја дознаат веста.

Бејли потекнува од Оксфордшир, Англија, а актерската кариера ја започнал уште како дете. Подоцна станал познат театарски актер, настапувајќи во продукциите на „Royal Shakespeare Company“ и на лондонскиот „West End“.


Неговиот телевизиски пробив се случи со серијата „Broadchurch“, популарна британска крими-драма, по што ја доби една од главните улоги во серијата на „Netflix“ — „Bridgerton“, која ја продуцира Шонда Рајмс.


Титулата „Најсекси маж на светот“ на магазинот „People“ пред него ја носеле бројни познати актери и музичари, меѓу кои Крис Еванс, Џон Леџенд, Мајкл Б. Џордан, Пол Рад, Рајан Рејнолдс, Крис Хемсворт, Бредли Купер, Двејн Џонсон, Идрис Елба, Адам Левин, Ричард Гир, Ченинг Тејтум и Дејвид Бекам.