[ФОТО] Сидни Свини „уловена“ во автомобилот на нејзиниот поранешен вереник – Ситуацијата ескалирала, очевидците шокирани од она што го виделе: „Остави ме на мира“

Точка

03/11/2025

20:39

1.179

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Сидни Свини и нејзиниот поранешен вереник Џонатан Давино наводно имале драматична средба во саботата навечер, за време на нејзината нова романса со контроверзниот музички менаџер Скутер Браун.

Според фотографиите објавени од „Пејџ сикс“, Свини била видена како седнува на совозачкото седиште во автомобил управуван од Давино во Лос Анџелес. 28-годишната актерка го покрила лицето со раката додека продуцентот притиснал на педалата за гас и возел кон нејзиниот дом.

Извор од местото на настанот за ТМЗ изјавил дека кога актерката излегла од автомобилот, гласно извикала во правец на Давин: „Не ти верувам. Те молам оди си, остави ме на мира!“

Вечрта Свини била на приватна вечера со пријатели во ресторанот „Џорџо Балди“ во Санта Моника, каде што заедно го гледале натпреварот помеѓу Лос Анџелес Доџерс и Торонто Блу ​​Џејс. Свини по вечерата се враќала со такси, но неколку блока подолу застанала до паркираниот автомобил на Давин, и тогаш се случи нивната драматична средба.


Актерката носеше кафеава кожна јакна, тексас шорцеви и кафеави чизми од велур, а кратко по средбата, таа и Давино ја напуштија локацијата.

Оваа средба доаѓа откако таблоидите објавија дека Свини ужива во романса со Скутер Браун. Двојката првпат беше поврзана во септември оваа година, по разводот на Браун од поранешната сопруга Јаел во 2021 година (разводот беше финализиран во 2022 година), со која има три деца.


Свини ја заврши долгогодишната врска со Давино претходно оваа година по седум години. И ова не е првпат папараците да ги фотографираат заедно по раскинувањето – наводно биле видени како ручаат заедно во април.