„Плачев секоја ноќ“: Актерката откри како се изборила со постпородилната депресија

Точка

03/11/2025

18:49

945

Големина на фонт

а а а

Рис Витерспун отворено проговори за борбата со депресијата низ која минувала и како тинејџерка, но и по раѓањето на својата ќерка во 1999 година.

Познатата холивудска ѕвезда имаше емотивен и искрен разговор за магазинот „Harper’s Bazaar“, каде откри како се соочила и изборила со постпородилната депресија.

„Во првите шест месеци истовремено бев и среќна и тажна. Плачев постојано, не спиев, бев исцрпена. Не очекував таков хормонален пад. Тоа го почувствував веднаш по породувањето, а потоа повторно шест месеци подоцна, кога престанав да дојам“, откри таа.

Според зборовите на Витерспун, нејзината мајка ја предупредила дека може да ѝ се случи истото, бидејќи и нејзината баба страдала од депресија — па Рис се плашела дека генетиката ќе одигра улога.

„Секој има свое мислење за тоа како треба да родиш дете, како да го храниш, и тоа знае да биде исцрпувачки. Имав среќа што имав пријателка која ме поттикна да побарам стручна помош. За жал, многу жени тоа го немаат и затоа страдаат во тишина, кријат што им се случува“, изјави глумицата.

Таа додава дека токму тој тежок период ја направил посилна, и дека нејзиниот успех делумно произлегол од желбата секогаш да оди преку своите граници и да биде совршена во сè што прави.

Сепак, најмногу за менталното здравје научила од својата мајка, која била медицинска сестра.

„Со текот на времето научив да забавам и да се прифатам себеси. Ми се допаѓа стареењето. Сакам што станувам помудра, што ја разбирам својата улога во работата. Работев напорно за да стигнам до тука. Ако нешто ме мачи — зборувам за тоа“, искрено заклучи Рис Витерспун.