[ФОТО] Сите велат дека таа е Мерилин Монро на денешницата: Актерката со најубаво деколте во Холивуд на црвениот тепих прошетала „гола“

Точка

30/10/2025

11:00

3.160

Големина на фонт

а а а

Кога актерката Сидни Свини прошетала на црвениот тепих во фустанот изработен од тенка ткаенина, речиси и да немало човек којшто не ја погледнал.

Актерката Сидни Свини синоќа била вистински хит кога на црвениот тепих на настанот „Variety Power of Women: Los Angeles“ се појавила во проѕирен сребрен фустан којшто бил „залепен“ за нејзините бујни гради.


Голото тело под проѕирната ткаенина јасно се оцртувало и немало човек којшто не погледнал во младата актерка, ѕвезда на серијата „Euphoria“.

Сидни веќе подолго време е „трн во око“ за многу од актерите кои тврдат дека таа нема талент туку дека добива улоги благодарение на својот изглед.

„Ги имам најубавите гради во Холивуд, па што“, изјавила неколку пати Сидни Свини која ги користи своите пет минути слава и работи на сѐ што може и ги добива едни од најдобрите улоги.

Така таа го привлекла цело внимание кога непоканета се појавила на венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез. Нејзините менаџери смислиле совршен план Свини да го запознае „шефот“, човекот којшто ќе снима филмови во кои Сидни ќе глуми.

Тоа се покажало како полн погодок затоа што младата актерка целото внимание од светот го свртела кон себе.


Нејзината смелост резултирала со тоа што на прославата на роденден гостинка ѝ била Лорен Санчез, а сега се зборува дека Свини ќе биде следната Бондова девојка.

Останува само да следиме како ќе се развива ситуацијата и понатамошната кариера на младата актерка која неодоливо потсетува на Мерилин Монро.