[ВИДЕО] Поради нејзиниот татко жените ги убивале бидејќи „правилно“ не носеле хиџаб, но сега протече снимка од нејзината свадба и целата нација „ја крена на нозе“: „Ова е голо лицемерие“

Точка

20/10/2025

21:01

1.355

Големина на фонт

а а а

Вистински бран на огорченост избувнал во Иран откако на социјалните мрежи се појавила снимка од свадбата на Фатем Шамкани, ќерка на еден од најблиските советници на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Имено на луксузната церемонија во хотелот „Еспинас Палас“ во Техеран таа носела бела венчаница со длабоко деколте и без прерамки, што предизвика гнев кај јавноста, особено затоа што нејзиниот татко се смета за еден од симболите на репресијата врз жените и задолжителното носење хиџаб.

Свадбата што ги разгневи луѓето

На снимките од свадбата што кружат на социјалните мрежи, се гледа Али Шамкани, долгогодишниот советник на ајатолахот и член на Советот за утврдување на државни бенефиции, како ја води својата ќерка до салата, со музика во заднина и аплауз од гостите.


Венчаницата без ракави, откриените рамена и луксузниот амбиент предизвикале шок кај граѓаните, додека многу ирански корисници на социјалните мрежи ја истакнале огромната доза на лицемерие на еден од најмоќните луѓе на режимот.

„На народот му припаѓаат моралната полиција, сиромаштијата и невработеноста, а луксузните свадби на политичките елити платени со парите на истиот тој народ ѝ припаѓаат на Исламската република“, напишал еден корисник на Икс.

Она што дополнително ја разбесни јавноста е фактот дека снимката со појавила во време кога владата планира да распореди 80.000 нови припадници на моралната полиција во Техеран, кои треба да го следат почитувањето на правилата за облекување на жените.

„Тие проповедаат скромност, но само за другите“

Добро познатата иранска активистка за правата на жените во егзил, Масих Алинеџад, ја споделила снимката и остро го осудила однесувањето на семејството на Шамкани.

„Додека жените во Иран ги тепаат и апсат затоа што им се гледа само еден прамен од коса, ќерката на Али Шамкани се мажи во ваква венчаница и во луксузен хотел. Оваа снимка предизвика гнев кај милиони Иранци. Тие ги спроведуваат „исламските вредности“ со палки и затвори, но не врз себе, туку врз сите други. Ова не е лицемерие, ова е системот. Тие проповедаат скромност додека нивните ќерки парадираат во дизајнерски фустани. Пораката е јасна, правилата важат за вас, а не за нив“, напишала таа.


Од Махса Амини до свадбата на политичката елита

Потсетуваме Али Шамкани беше секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран од 2013 до 2023 година, точно во времето кога режимот брутално ги потиснал протестите што избувнале по смртта на Махса Амини, 22-годишна девојка која починала во полициски притвор затоа што правилно не го носела хиџабот.

За време на протестите што следеле во 2022 и 2023 година, повеќе од 500 луѓе биле убиени, вклучувајќи деца, додека околу 20.000 демонстранти биле уапсени, според „Хјуман рајтс воч“.


Во извештајот на Мисијата на ОН за утврдување факти се вели дека иранската влада потоа извршила систематски и широко распространети кршења на човековите права против жените, девојчињата и секој што ја поддржувал родовата еднаквост.

Поради сето ова, снимката од свадбата на ќерката на Шамкани, одржана уште во април 2024 година, но која  неодамна протекла во јавноста, станала симбол на неправда и двојни стандарди во земјата. Во време кога половина од населението на Иран живее под граница на сиромаштија, луксузните приеми на политичката елита во петѕвездени хотели стануваат гориво за продлабочување на незадоволството на граѓаните.