Гледачите на „Вовед во анатомија“ го обожаваат, а во „Еуфорија“ се убедивме дека годините не му можат ништо.
Меѓутоа, пред неколку години холивудскиот заводник соопшти дека му е дијагностицирана неизлечива болест, но и натаму не се предава.
Холивудскиот актер Ерик Дејн (52) во април ги сподели тажните вести дека му е дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (ALS), а пред неколку дена на своите обожаватели им ставил до знаење дека има намера да се бори.
Актерот на конгресменот Ерик Сволвел во видео објавено на ТикТок му објаснил дека сака да ги слави успесите со неговите ќерки и да доживее колку што е можно повеќе радосни моменти со него.
„Имам две ќерки. Сакам да ги гледам како дипломираат на колеџ, како се венчаат, можеби ќе доживеам и внуци... Сакам да бидам тука за сето тоа. Затоа ќе се борам до последните сили“, рекол тој.
Популарниот актер некогаш важеше за еден од најпосакуваните во Холивуд, а беше познат и како згоден маж како и по широката насмевка. Денес тој е во инвалидска количка и одвај зборува.
Неодамна папарацо фотографите го фотографирале, а потоа го прашале дали има некоја порака за своите обожаватели, на што тој одговорил:
„Не губете надеж пријатели“.
Откако во април соопшти дека боледува, Ерик при гостување во емисијата „Good Morning, America“ во јуни открил дека неговиот пат кон дијагнозата течел речиси незабележливо, додека денес е во тешка состојба.
„Функционална ми е само едната рака: левата уште функционира, но десната која ми беше доминантна целосно откажа“, рекол актерот и додал дека слабоста се шири и на левата рака поради што се плаши како болеста ќе напредува.
Извори блиски до актерот велат дека иако е тажно да се гледа во таа состојба, Ерик се обидува да остане оптимист и позитивен, но и благодарен на секој свој нов ден затоа што „знае дека можеби нема да доживее следни моменти“.
Сопругата на Ерик Дејн е негова најголема поддршка
Додека ја води борбата со болеста, покрај себе тој ги има пријателите и колегите, но на прво место му е семејството кое со него минува низ сите падови и подеми во текот на лекувањето.
Дејн од 2004 година е во брак со Ребека Гејхарт Дејн, позната актерка и манекенка која кариерата ја започнала како модел 80-тите. Како што истакнала таа, на семејството не му е лесно, но сите се тука за Ерик.
„Ова искуство е тешко, но низ сѐ поминуваме заедно, достоинствено и со многу љубов“.