Луѓето дури сега дознаа колку години има славниот музичар – и не можат да се изначудат

Точка

14/10/2025

16:40

650

Големина на фонт

а а а

Музичарот Марк Ронсон предизвика вистинско изненадување меѓу обожавателите кога се откри колку години има всушност, а многумина не можат да се помират со таа бројка.

Иако е присутен речиси три децении во музичката индустрија, неговиот младешки изглед сè уште ја збунува јавноста.

Откритие кое ги шокираше гледачите

И покрај неговото долгогодишно присуство во поп-културата, годините на Ронсон станаа тема по неговото неодамнешно гостување во британската утринска емисија „Lorraine“. Кога водителката Ранвир Синг го споменала неговиот роденден на почетокот од септември, музичарот се пошегувал:

„Имам 50 години, ви благодарам што им кажавте на сите“, а водителката не го скрила изненадувањето.

„Како успеавте да изгледате вака со непроспиени ноќи 20 или 30 години? Не разбирам!“ – извикала таа, алудирајќи на неговата кариера. Марк скромно одговорил: „Не знам. Можеби поради мајка ми, ми даде добри гени“.

Реакции на социјалните мрежи

Гледачите останале запрепастени, а на социјалните мрежи се појавија голем број коментари.

„Марк Ронсон има 50!!!?? Што е ова…“, напишала една личност на Х, додека друга додала: „Како по ѓаволите Марк Ронсон има 50 години?“.

Исечокот од интервјуто брзо се прошири и на ТикТок, каде што коментарите продолжиле да се нижат.


„Апсолутно не изгледа како да има 50. Знам 30-годишници што изгледаат постаро од него,“ е еден од коментарите. Други се согласиле со него: „Изгледа подобро од повеќето мажи во триесеттите.“

Една корисничка напишала:

„Ова не можат да бидат само гени. Веројатно без алкохол и цигари, а и тоа што е маж? Секогаш имаат повеќе среќа од нас жените кога станува збор за стареење“. Многумина признале дека мислеле дека е во 30-те години од животот.

Светска слава стекна благодарение на албумот „Back to Black“

Марк се занимава со музика од почетокот на 2000-тите, а светска слава стекна како продуцент на фалениот албум на Ејми Вајнхаус – „Back to Black“ во 2006 година, за кој освои три Греми награди.


Неговата кариера продолжи да расте, и со текот на годините освои уште седум Греми награди, вклучувајќи награди за хитовите „Uptown Funk“ со Бруно Марс, „Shallow“ од филмот „A Star is Born“, музиката за филмот „Barbie“ и ремиксот на песната „Espresso“.

Инаку, Марк Ронсон од септември 2021 е во брак со 39-годишната актерка Грејс Гамер, со која има две деца. Првата ќерка ја добија во декември 2022 година, а втората во февруари оваа година.