На годишнината од смртта на Лијам Пејн, уапсениот хотелски работник Езекиел Дејвид Переира проговори од затвор. Додека членовите на семејството, пријателите и обожавателите на бендот „Уан Дајрекшн“ вчера и денес споделуваат потресни спомени за прераната смрт на пејачот Лијам Пејн, по повод годишнината од неговата смрт, многумина коментираат дека оваа трагедија сè уште е обвиена со превез на мистерија.
Во меѓувреме, се огласи и еден од уапсените, вработениот во хотелот од чии балкон падна Пејн, Езекиел Дејвид Переира.
How did Liam Payne die? All unanswered questions one year after One Direction star's fatal fallhttps://t.co/RlrPA3D7FA pic.twitter.com/JsCwv9vZZd
— Mirror Celeb (@MirrorCeleb) October 16, 2025
„Најголемата грешка беше што не беше повикана итната помош кога Пејн се онесвести во лобито на хотелот, туку, наместо тоа, го однесоа назад во собата“, изјавил Переира, кој чека судење поради наводна продажба на кокаин на пејачот.
Ова е негово прво обраќање по апсењето.
Изјавите доаѓаат откако се појавија нови снимки од Лиам во хотелот „CasaSur Palermo“ во Буенос Аирес, непосредно пред падот од балконот на третиот кат.
Переира ја издржува казната во затворот „Маркос Паз“.
Inside the unsolved mystery and unanswered questions of Liam Payne’s tragic fallhttps://t.co/zyYWlf8jnZ pic.twitter.com/1qaflDUAkr
— Daily Star (@dailystar) October 16, 2025
Тој изјавил дека персоналот во хотелот ја игнорирал употребата на дроги од страна на Лијам во октомври 2024 година.
„Го држеа како во изолиран бункер и му дозволуваа да прави што сака вклучувајќи консумација на дроги во собата и јавните простории на хотелот. Управителите велеа дека им носи трипати повеќе пари од обичните гости“, рекол Переира, па додал:
„Но, мислам дека најголемата грешка беше што не повикаа брза помош кога Лиам ја загуби свеста во лобито. Го подигнаа за раце и нозе и го однесоа со лифт назад во собата. Требаше да остане таму додека не дојде медицинска помош. Во тоа време имаше многу странски гости во хотелот, па само го тргнаа на страна и дури подоцна повикаа полиција – наместо брза помош. До тогаш веќе беше предоцна. Тоа што се случи е навистина тажно. Смртта на Лиам беше трагична и можеше да се спречи.“
Нови снимки и детали за трагедијата
Сигурносните камери го прикажуваат Лиам во хотелот „CasaSur Palermo“ во Буенос Аирес, непосредно пред падот од балконот на третиот кат, на 16 октомври 2024 година, околу 17 часот.
Переира додал дека повеќе пати му носел шишиња виски, а собата била преполна со „празни шишиња и опрема за дроги“.
Тој рекол и дека пејачот му дал 100 долари бакшиш и побарал да му набави дрога, што довело до обвиненијата против него дека му ја продал. Тој тоа го негира, тврдејќи дека е „жртвено јагне“ и дека „вистината се крие“.
Смртта обвиена со мистерија
Датумот за судење на Переира сè уште не е одреден, бидејќи аргентинските власти и понатаму прегледуваат околу 800 часа снимки од сигурносни камери, мобилни телефони и лаптопи. Затоа, осомничените Переира и Паис сè уште не дале изјава пред судот во врска со контактите со Лиам.
🇬🇧🎤😥 Hoy se cumple un año de la muerte de Liam Payne, miembro de One Direction.
— La Respuesta (@larespuesta_es) October 16, 2025
😓 Payne murió tras caer del tercer piso del hotel en el que se alojaba en Argentina; había bebido y consumido estupefacientes. pic.twitter.com/WzVTE7dIso
Тие официјално беа обвинети во јуни, а обвинителите тврдат дека му набавиле дрога најмалку двапати во период од две недели пред неговата смрт. Наводно, снимките од камерите покажуваат како Лијам од Переира бара „уште седум грама“ при кратка средба во лифтот на денот кога починал.
Во Аргентина, обвинителството мора да ги презентира доказите пред судија, кој потоа одлучува дали случајот ќе се процесира или обвиненијата ќе бидат отфрлени. Извор за „The Sun“ открива:
„Полицијата сè уште го проверува лаптопот на Лиам и телефоните на лицата поврзани со истрагата. Фрустрирачки е, бидејќи се чини дека судењето е сè уште далеку, а општиот впечаток е дека истрагата оди многу бавно.“
Според истиот извор, еден од телефоните на осомничените бил користен за контакт со Лијам во деновите пред неговата смрт, но уредот не бил пребаран до мај, иако полицијата го запленила уште во ноември.
Обдукцијата покажа дека Лиам Пејн починал на 31-годишна возраст од повеќекратни повреди и внатрешно крварење, додека токсиколошкиот наод потврдил присуство на алкохол, кокаин и антидепресиви.