Не стивнуваат реакциите за случајот со двократното убиство и самоубиство во Велес, кој ја потресе македонската јавност.
Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно биле поведени повеќе постапки за закани и насилство, а само пет дена пред да ги убие Росица и нејзиниот татко, тој бил условно осуден од страна на велешкиот суд со забрана да ѝ се приближува.
За слична ситуација што се случува во нејзиното соседство сведочи и фоторепортерката Арбнора Мемети, а објавата во целост ви ја пренесуваме во продолжение:
„Полицијата кај нас доаѓа речиси секој втор ден. Ова трае веќе една година. Заспиваме со врисоци на една жена и се будиме со нив.
Полицајците доаѓаат, им држат лекции дека не треба да користат насилство, па си заминуваат.
Полицијата кај нас доаѓа речиси секој втор ден. Ова трае веќе една година. Заспиваме со врисоци на една жена и се будиме...
Posted by Arbnora Memeti on Tuesday, September 16, 2025
Но, една ноќ доцна навечер слушнав еден полицаец како на телефон му се жали на дежурниот командир дека мора нешто да преземат за овој случај, бидејќи во спротивно е јасно дека e прашање на време кога ќе се случи убиство, а тие ќе одговараат затоа што не го евидентирале случајот.
И така, доаѓаат и си одат, ќе доаѓаат и ќе си одат сè додека еден ден навистина не се случи тоа.
Работата на МВР не е да посредува и да држи морални предавања за тоа како не треба да се тепаат меѓусебно, туку да делува.
Од ваквото постојано однесување страдаат човечки животи“.