Драматични сцени биле забележани во Грција кога туристите биле снимени како се обидуваат да оттурнат чамец полн со мигранти додека пристигнувал на плажата на грчкиот остров Гавдос.
Видео снимено во саботата прикажува мал брод со група мигранти како се обидуваат да се истоварат на плажата Саракинико, на јужниот грчки остров Гавдос, пишува Дејли Мејл.
Судир на туристи и мигранти на плажа
Луѓето од плажата влегле во вода и со раце бесно го туркале чамецот за да ги спречат нелегалните мигранти од Либија да стапнат на грчка почва. Потоа капачите им рекле на мигрантите да не се истоваруваат на плажата и ги упатиле кон пристаништето, пренесоа локалните медиуми.
Грција се соочува со нов бран мигранти
Инцидентот се случил во период кога земјата се справува со пораст на бројот на мигранти на своите јужни граници.
Министерот за имиграција и азил, Танос Плеврис, во понеделник изјави дека властите работат на отстранување на мигрантите од островот, додавајќи дека „за два или три дена сите ќе бидат однесени“.
#refugeesgr #GreeceFascistState #Gavdos
— Paggio 🔥 (@PaggioI) September 16, 2025
Αλήτες, φασιστομουτρα παντού. Η Γαύδος δεν είναι εξαίρεση pic.twitter.com/6VR7CQe8WV
На почетокот на месецот, грчкиот парламент усвои закон со кој се заоструваат казните за одбиените баратели на азил и се забрзува нивното враќање во матичните земји.
Грција се сеќава на големата мигрантска криза
Оваа медитеранска земја беше на „првата линија“ за време на големата мигрантска криза од 2015 и 2016 година, кога повеќе од еден милион луѓе бегајќи од војната и сиромаштијата од Блискиот Исток и Африка преминаа во Европа.
Мигрантските бранови оттогаш се намалија, но новиот пораст на пристигнувања од Либија, преку островите Крит и Гавдос оваа година, ја поттикнал владата привремено да ја забрани обработката на барањата за азил од мигранти кои доаѓаат од Северна Африка.