Трамп го нарече иранскиот напад врз брод во Ормускиот теснец „глупаво кршење“ на договорот

Макфакс

26/06/2026

19:50

255

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече иранскиот напад врз брод во Ормускиот теснец „глупаво кршење“ на Меморандумот за разбирање, но не посочи дека тоа би можело да доведе до обновени напади врз Иран.

„Иран испрати најмалку четири дронови за да нападнат бродови што го преминуваат Ормускиот теснец, а еден удри во горната палуба на голем и многу скап товарен брод. Штетата беше направена, но бродот можеше да продолжи да плови. Јасно е дека ова е глупаво кршење на нашиот договор за прекин на огнот“, рече Трамп на социјална мрежа.

Тоа беше првиот инцидент откако САД и Иран потпишаа Меморандум за разбирање, кој предвидува отворање на теснецот и почеток на преговори за иранската нуклеарна програма, но Трамп не посочи дека е подготвен да ја продолжи војната поради ова.

Иранската револуционерна гарда во четвртокот објави дека безбедното поминување низ теснецот ќе биде можно само за бродови што ќе се договорат за инспекциската рута со Техеран.