Овој уред во кујната ви ја „голта“ струјата – троши и кога не го користите, предупредуваат експертите

Точка

17/09/2025

14:16

760

Големина на фонт

а а а

Сметките за струја кои од месец на месец растат сѐ повеќе ги тераат домаќинствата да размислуваат за штедење на секој чекор.

И додека поголем дел од луѓето веднаш помислуваат на клима-уредите, машините за перење алишта или греење, експертите предупредуваат дека најголемиот „тивок крадец“ на електрична енергија е во вашата кујна.

Според зборовите на Кори Гилган, сопственик на фабриката „Oregon Generators“, токму микробрановата печка често троши повеќе енергија отколку што мислиме.


„Уредот којшто најчесто зема енергија низ т.н. фантомско трошење е микробрановата печка“, истакнува Гилган и додава:

„Поголем дел од домаќинствата воопшто не знаат дека таа црпи струја 24 часа дневно, па дури и кога не подгревате храна во неа“.

Што е „фантомска енергија“?

Станува збор за трошење на електрична енергија додека уредите се во мирување.

Кај микробрановата печка тоа се случува поради постојано активниот внатрешен круг и дигиталниот екран. Иако на прв поглед делува како безначајно, околу четири вати на час, тоа годишно изнесува приближно 35 киловат часа.

Ако на тоа ги додадете и другите домашни апарати, како апаратот за кафе, полначите, телевизорите, непотребната потрошувачка може да се зголеми и до 10 отсто од вкупните месечни сметки.

Колку чини сето тоа?

Во земјите со повисоки цени на струјата, „скриената“ потрошувачка може да достигне и до 440 долари годишно.

„Кога на тоа ќе се додадат и трошоците за ладење налето, сметките за струја лесно можат да станат вистинска главоболка“, предупредува Гилган.


Како да ги намалите трошоците?

- Исклучете ја микробрановата печка (и другите уреди кои не ги користите);
- Паметните продолжни кабли автоматски го прекинуваат напојувањето на уредите во состојба на мирување;
- Паметните штекери можат да се програмираат да се исклучат навечер или додека сте на работа.

„Отстранување на фантомската енергија не жртвува практичност, едноставно ја отстранувате непотребна потрошувачка“, заклучил Гилган.

„Почнете со микробрановата печка уште вечерва“.