Оваа европска земја е рај за пензионерските денови – еве колку пари ви се потребни за да се преселите, нудат и т.н. „златна виза“

Точка

17/09/2025

18:16

1.454

Големина на фонт

а а а

Поголем дел од луѓето одлучуваат да ги поминат своите пензионерски денови надвор од својата земја, за да живеат поопуштено и со помали трошоци.

Затоа, многу од државите развиваат посебна програма за виза за пензионери.

Организацијата „Global Citizen Solutions“ годинава објавила „Global Retirement Report“ за 2025 година во којшто биле споредени 44 програми за пасивни приходи и пензионирање.

Рангирањето се темелело на 20 критериуми поделени во шест групи: административни постапки, државјанство и мобилност, економски услови, даночни поволности, квалитет на живот и безбедност и интеграција.


Најдобро оценетите дестинации главно се во Европа и на американскиот континент.

„Америка доминира по достапноста на дигиталните номадски и пензионерски визи, а потоа следи Европа. Нудат многу висок квалитет на живот над просекот“, изјавила Лаура Мадрид Сарторето, раководител на истражувањата во „Global Intelligence Unit“.

„Тоа не е случајно затоа што една од главните мотивации на луѓето кои се селат во странство е потрагата по место каде ќе имаат подобар квалитет на животот. Луѓето исто така бараат политичка стабилност и сигурност, а во Европа важен е и здравствениот систем. Поголем дел од земјите комбинираат моќен јавен систем и пристапни приватни опции“.

Португалија е прогласена за најдобра земја за пензионирање. Нуди виза Д7 за граѓаните надвор од Европската унија кои имаат стабилни пасивни приходи, како пензија или некаков надомест.

„Португалската програма за виза за пензионери последниве десет години е водечки модел. Земјата многу вложи во привлекување на инвеститори, пензионери и дигитални номади. Денес Португалија постигнува одлични резултати по квалитет на животот. Според „World Peace Index“ таа е најбезбедната земја во Европа и една од најдобрите дестинации за пензионирање“, вели Сарторето.


За пријава за добивање виза потребен ви е минимален приход од 870 евра. По пет години престој, се стекнувате со право на постојано престојување или државјанство. Португалскиот даночен систем вклучува и приходи од странство, но земјата нема данок на богатство ниту наследство за блиските членови од семејството.

Португалија е позната и по програмата „златна виза“ која овозможува стекнување престој или државјанство со вложување, но без вложување во недвижнини.