Една жителка на Берлин речиси 30 години упорно играла иста комбинација броеви на лото, за викендов нејзината истрајност конечно да биде наградена со добивка од околу 4,4 милиони евра, пренесуваат германските медиуми.
Како што пишува „Bild“, станува збор за најголемата добивка на лотарија во германската престолнина од почетокот на годинава.
Жената уште од 1996 година ја избирала истата комбинација броеви, која сега ѝ донела милионска добивка, потврдија од „Berlin Loto“.
Броевите 5, 11, 13, 39, 42, 48 и „супер бројот“ 6 ѝ ја донеле големата сума, а особена среќа ѝ донел бројот 13 – број што најретко се извлекува и тоа само 544 пати од 1955 година, потсетува „Bild“.
Интересно е што најчесто извлекуваниот број – 6 – не се нашол на нејзиниот тикет во изминативе 30 години.
Среќната добитничка е на возраст меѓу 50 и 60 години и живее во берлинската населба Шонеберг. Други детали за неа нема да бидат објавени поради дискреција, додаваат германските медиуми.
Втора шестка на лото е извлечена и во Хамбург, каде добитникот освоил 3,2 милиони евра.