Овој град во Обединетите Арапски Емирати многумина го сметаат за исклучително луксузен, со прекрасни песочни плажи и ексклузивни шопинг-центри.
Иако Дубаи е туристичка дестинација за луѓе од целиот свет, има и свои противници кои го избегнуваат и кои тврдат дека градот „нема душа“.
Како што пренесува порталот „Дејли мејл“, милиони Британци секоја година го посетуваат Дубаи, но илјадници од нив одлучиле таму трајно да се преселат.
Am I the only one who doesn't think Dubai (as a holiday destination) is attractive?
— Samantha (@_samantha8) August 27, 2025
Сепак, ова необично место во Емиратите не го воодушевува секого. На социјалните мрежи била отворена дебата за тоа дали Дубаи е навистина атрактивна дестинација.
„Дали сум единствена која не мисли дека Дубаи е привлечен за одмор?“, прашала корисничка на социјалната мрежа „X“.
Објавата добила многу прегледи и коментари. Многумина се согласиле со мислењето на корисничката која го објавила тоа.
„Не си сама“, „Ниту јас. Тоа е место во кое не би одел. Делува огромно и без душа“, „Не можам да замислам полошо место за одмор“, „Јас бев таму и верувајте ми, никогаш не би се вратила“, „Не ми се допаѓа ни мене“, пишувале луѓето под објавата.
Сепак, имало и такви кои имале спротивен став на горенаведениот:
„Не си единствената која мисли така, но тоа е грешка. Бев повеќе пати во Дубаи и секојпат одлично си поминував“, „Неверојатно безбедно место, секој може да си најде нешто за себе, храната е вкусна, а таму има и работи кои не може да ги видите на друго место“, „Го обожувам Дубаи. Толку многу работи може да се видат и направат таму. Храната е одлична, безбедно е. Само што е многу топло“.