Познато е дека домашните миленици се исклучително чувствителни на нашите емоции. Кога ќе забележат дека сме тажни или вознемирени, често се обидуваат да помогнат на свој единствен начин. Токму тоа го направи една преслатка мачка, покажувајќи дека љубовта на животните понекогаш е најдобриот лек.
Главната хероина на оваа приказна е мачката по име Мун. Кога слушнала дека нејзината сопственичка плаче, не ја игнорирала – туку веднаш реагирала. Заминала по својата омилена играчка и ѝ ја донела на сопственичката, надевајќи се дека ќе ја развесели.
Гест што ги освои срцата
Снимката од тој момент беше објавена на „TikTok“ пред една недела и за кратко време собра повеќе од половина милион прегледи. Однесувањето на Мун ги руши стереотипите дека мачките се себични и заинтересирани само за сопствената добросостојба. Едногодишната Мун можеби и не сфаќа колку нејзиниот потег ѝ помогнал на сопственичката, но и на многу други луѓе.
„Не сакам да звучам драматично, но би умрела за неа“, напиша една гледачка во коментарите, пренесува „Parade Pets“.
„Како да се обидува да ѝ каже на сопственичката: ’Тука сум да ти помогнам, не грижи сè“, додаде друга.
Што точно се одвивало во мислите на Мун е тешко да се знае, но едно е сигурно – нејзината сопственичка може да биде пресреќна што има толку грижлива миленичка.