Памела Андерсон повторно ја освојува јавноста, но овој пат со својата искреност и храброст во прифаќањето на промените – и во изгледот, и во личниот живот.
Памела отсекогаш била синоним за непредвидливост. Од препознатливите тенки веѓи, преку појавувањето без шминка на црвениот тепих, па сè до кратењето на својата долга руса коса – целата кариера ѝ е обележана со желба за менување на изгледот. Денес, таа отворено зборува зошто никогаш не ја задржала истата фризура, ниту пак истиот начин на живот.
Промени на сите полиња
Во пресрет на своето враќање на актерската сцена и соочена со нови животни можности, Памела истакнува дека промените ги дочекува со воодушевување. Во моментов е новото заштитно лице на брендот за нега на коса „Biolage“, а соработката ја опишува како совршен спој во период кога повторно се открива себеси.
„Убавината не е само она што го гледаме однадвор; таа е славење на нежноста и силата“, вели актерката.
Самосвеста доаѓа со годините
Памела не ги крие своите 57 години – напротив, ги истакнува со гордост, бидејќи ѝ носат мудрост и чувство на слобода.
„Со годините сфаќаме дека не мора да бидеме она што другите го очекуваат, доволно е да бидеме она што сме“, вели таа. Признава дека животот ја изненадил токму кога мислела дека сè веќе го видела. Враќањето кон актерството , престојот во градината далеку од сè, отфрлањето на вишокот и откривањето на сопствената суштина ѝ донеле чувство на исполнетост.
Минимализам во негата, максимализам во слободата
Иако некогаш беше синоним за гламур, денес избира едноставна рутина за нега, со акцент на вегански и еколошки производи кои не се тестирани на животни. Не ѝ е важно дали е на насловната страница на списание, на црвениот тепих или во продавница – сака да го нормализира и слави природниот изглед.
Поради таа автентичност, луѓето често ѝ приоѓаат и ѝ се заблагодаруваат што без задршка го покажа лицето без шминка. Таа искреност, вели, поттикнала многумина да се чувствуваат послободни во сопствената кожа.
За Памела, косата отсекогаш била начин на изразување, а не товар.
„Никогаш не сум била срамежлива – ги сакам промените, тие ме одржуваат млада“, искрено вели. Со годините развила едноставна филозофија за нега и избегнува комплицирани ритуали, фокусирајќи се на здрава кожа, нега на скалпот и редовна грижа.
„Промените ме полнат со енергија. Најубаво е да се почувствува слободата, без разлика дали се работи за фризура или за начинот на живот што го водиме.“