Фотографија од сметка од кафуле во Будва од која толку многу боли глава, што не помага ниту двојна доза ибупрофен: „Е, затоа сè е празно“

Точка

12/08/2025

16:00

1.773

Големина на фонт

а а а

Фејсбук страницата „Podgorički.info“ објави сметка од еден угостителски објект во Будва која предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а која првично ја објави порталот mondo.rs.

Еве како изгледа сметката – пиво 9 евра, пица капричоза 22 евра, шише минерална вода 5 евра, а дополнително се наплаќа и „service charge“ од 12,17 евра. Вкупно, за неколку пијалоци, две пици и овошна чинија, гостите платиле дури 133,87 евра, пишува на сметката што ја објави mondo.rs.

Белграѓанец платил 134 евра за својот престој на плажа во Будва. „И не им пукна сезона, дали е нормално да чини вака многу?“, ни прати порака, придружена со фотографија од сметката која изгледаше како претерување. Сепак, кога ги видовме деталите и цените на сметката, јасно е дека навистина се скапи.

Што нарачал на плажа?

• 2 пива

• 3 шишиња минерална вода од 0,75 л

• 2 американо кафиња

• 3 кока-кола зеро од 0,33 л

• 1 кока-кола од 0,33 л

• 1 дојче кафе

• 2 пици капричоза

• 1 чинија со овошје

• 1 шише вода од 0,75 л.


Она што посебно изненади многумина била ставката „service charge“, односно дополнителна наплата за услуга, која изнесува нешто повеќе од 12 евра.

Ваквите примери, за жал, не се реткост на црногорското приморје, а секое лето повторно ги полнат страниците на медиумите и социјалните мрежи. И додека угостителите ги оправдуваат цените со „високи трошоци на работење“ и „светски стандарди“, туристите често си заминуваат со горчина и ветување дека повеќе нема да се вратат.

Имено, оваа година беа објавени неколку видео-клипови од граѓани на Црна Гора кои и самите изразија незадоволство од цените на приморјето, слична ситуација има и во Хрватска, бидејќи пред почетокот на летната сезона на хрватските портали беше објавена вест дека Хрватите не сакаат да летуваат во Хрватска и повеќе сакаат да патуваат во Грција за време на летната сезона.

„Srdačan“ doček turista u CG: Pivo devet eura, pica 22 eura…Link teksta u komentaru

Posted by Biznis CG Portal on Saturday 9 August 2025

Како што пишува црногорскиот портал „Bizniscg“ – „потоа се прашуваме зошто плажите ни остануваат полупразни уште во август“.