[ФОТО/ВИДЕО] Височини кои го будат стравот: Орце Симов се снимаше како се симнува од врвот на Телекомуникациската кула на Водно

Точка

08/08/2025

20:00

2.387

Големина на фонт

а а а

Телокомуникациската кула на Водно, која се гради веќе повеќе од една деценија, конечно влегува во завршна фаза. Ова го потврди претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Орце Симов, кој преку видео објава на социјалните мрежи се сними додека се симнува од врвот на кулата.

„Телекомуникациска кула во завршна фаза. За 10 дена кранот треба да биде симнат. Остануваат неколку ситници и приклучокот за електрична енергија со ЕВН“, напиша Симов.


Телекомуникациска кула во завршна фаза.

За 10 дена кранот треба да биде симнат. Остануваат неколку ситници и приклучокот за електрична енергија со ЕВН.

Posted by Orce Simov Nov Profil on Thursday 7 August 2025

Според Симов, преостануваат уште неколку технички детали за проектот да биде целосно заокружен — пред сè приклучувањето на електричната енергија и отстранувањето на градежниот кран. Тој посочи дека за десетина дена се очекува целосно завршување на изградбата.

Кулата ќе биде висока 155 метри, што ја прави значително повисока од Милениумскиот крст (околу два и пол пати), и е предвидена како специјализиран објект за контрола на радиофреквенции, но и како архитектонска атракција за градот. Дел од нејзиниот дизајн вклучува ротирачки простории, каде што една целосна ротација на платформата трае околу еден час — елемент кој треба да понуди ново туристичко искуство на посетителите.

Posted by Orce Simov Nov Profil on Thursday 7 August 2025

Во својата видеообјава, Симов укажа и на одредени недовршени безбедносни елементи, како делови без ограда или без платформа за газење, кои треба да бидат дополнително решени пред официјалното пуштање на кулата во функција.

Инаку, изградбата на овој објект започна уште во 2013 година, а по бројни доцнења и пречки, финалната етапа се случува токму овие денови.