Оваа Албанка е жената која ги одби милијардите на Цукерберг и остана лојална на својот тим

Точка

04/08/2025

21:15

13.927

Големина на фонт

а а а

Додека Марк Цукерберг се обидувал да фати чекор во трката за генеративната вештачка интелигенција, пред неколку месеци ѝ се обратил на поранешната техничка директорка на „OpenAI“, Мира Мурати, со понуда да го купи нејзиниот нов стартап „Thinking Machines Lab“.

Кога таа одбила, Цукерберг започнал целосна офанзива. Во неделите кои следеле, тој стапил во контакт со повеќе од десетина вработени од нејзиниот тим од 50 луѓе, обидувајќи се да ги убеди да преминат во неговата компанија. Главна цел му бил Ендрју Талок, истакнат истражувач и коосновач на стартапот.

🚨Andrew Tulloch - The man who turned down 1.5 billion dollars

Posted by i Social You on Saturday 2 August 2025

За да го придобие, Цукерберг понудил пакет кој, со бонуси и значителен раст на вредноста на акциите, би можел да достигне и до 1.5 милијарди долари во текот на најмалку шест години, според лица запознаени со понудата.

Талок ја одбил понудата. Никој од неговите колеги исто така не заминал.

Портпаролот на Мета, Енди Стоун, го опишал извештајот за понудата како „неточен и смешен“ и нагласил дека висината на компензацискиот пакет зависи од растот на акциите. Тој додаде и дека Мета нема интерес за преземање на „Thinking Machines“.


Дури и во Силициумската долина, каде врвните инженери одамна имаат огромна пазарна вредност, ретко се гледа одбивање на деветцифрени суми. Но, како што борбата за таленти во полето на вештачката интелигенција се засилува, компаниите со најголеми буџети откриваат дека парите не се секогаш доволни.

Лојалност кон лидерите

Додека некои истражувачи дејствуваат како слободни играчи, менувајќи компании во потрага по поголема плата и влијание, многумина покажуваат непоколеблива лојалност кон своите лидери – харизматични фигури кои во технолошката индустрија имаат статус на рок ѕвезди. Културата во стартапите исто така силно ги поврзува вработените. Воедно, по години на меѓусебно „крадење“ кадар, сè се повешти во одбраната на своите тимови.

„OpenAI“ и стартапите што ги основале поранешни вработени на таа компанија, како Мурат, се чести цели на офанзивите на Закерберг.

Од самите почетоци на AI трката, пионерите привлекувале истражувачи со ветување дека ќе работат на историска мисија – создавање општа вештачка интелигенција, систем попаметен од човек во повеќето задачи. „OpenAI“, кој го основале Сем Алтман, Илон Маск и Илја Сутскевер, ја претвори таа мисија во своевидна квазирелигиозна потрага, со непрофитна повелба која гарантира дека работата ќе биде за доброто на човештвото.

Мета досега контактирала повеќе од 100 вработени во „OpenAI“, а вработила најмалку десетмина. На 25 јули, Закерберг го именуваше кинескиот истражувач Шенгџи Жао, кој поминал три години во „OpenAI“, за раководител на новиот тим за суперинтелигенција.

Оние што досега ја одбиле неговата понуда велат дека остануваат затоа што веруваат дека „OpenAI“ е најблиску до остварување на општата вештачка интелигенција, сакаат да работат во помали компании и не сакаат нивната работа да заврши во производи што се водени пред сè од рекламирање, велат изворите.

Мурати, Сутскевер и стартапите отпорни на „грабнување“

Уште помал успех Закерберг има со „Anthropic“, стартап вреден 170 милијарди долари, кој го води Дарио Амодеи – поранешен член на „OpenAI“ кој со себе повлекол врвни експерти. Сите седум коосновачи на „Anthropic“ сè уште се во компанијата. Многумина се запознале преку движењето „ефективен алтруизам“, кое уште пред десет години ја популаризирало загриженоста дека вештачката интелигенција може да излезе од контрола и да го уништи човештвото.


Некои од нив дури и живееле заедно во куќа во Сан Франциско, дискутирајќи како најдобро да го донираат своето богатство и како да се справат со ризиците од AI.

Цукерберг досега вработил само двајца поранешни вработени во „Anthropic“ – Џоел Побар и Антон Бахтин – двајцата со претходно искуство во Мета.

Стартапот „Safe Superintelligence“ (SSI), кој минатата година го основа Илја Сутскевер, исто така е речиси непробоен за регрутациски обиди.

За разлика од Амодеи, тој не доведе голем број колеги од „OpenAI“. Повеќето вработени во „SSI“ сè уште не се познати во Силициумската долина, делумно затоа што компанијата се фокусира на помалку афирмирани таленти со нови идеи, кои Сутскевер лично ги менторира. Вработените се обесхрабрени да го споменуваат „SSI“ на „LinkedIn“ – токму за да се спречи регрутација. На почетокот од годинава, Сутскевер ја одби понудата на Закерберг за преземање на компанијата.

Која е Мира Мурати?

Мурати, родена во Албанија, поминала шест години во „OpenAI“, каде раководела со речиси сите клучни аспекти на компанијата како технички директор. Била позната по својата емоционална интелигенција и скромност, што ѝ донело лојалност од страна на истражувачите и инженерите, пишува „The Wall Street Journal“.

Во „Thinking Machines“ вовела слична, хоризонтална организациска култура – сите, па и најискусните истражувачи, ја носат титулата „член на техничкиот тим“, во духот на некогашниот „Bell Labs“, еден од инспиративните модели на „OpenAI“.

Кога во февруари го основала „Thinking Machines“, повеќе од 20 колеги од OpenAI ѝ се придружија на Мира Мурати, вклучувајќи го и Џон Шулман – клучниот ум зад ChatGPT, кој претходно премина во „Anthropic“. Поголемиот дел од нејзините нови вработени доаѓаат од „OpenAI“-овиот пост-тренинг тим – одделот кој го изгради „ChatGPT“ и ги учеше моделите како да комуницираат со луѓето.

Инвеститорите неодамна вложиле 2 милијарди долари во компанијата, иако деталите за тоа што точно Мурати развива остануваат непознати дури и за некои од нив. Декларираната мисија на „Thinking Machines“ е да ја направи вештачката интелигенција „поразбирлива, пофлексибилна и генерално поспособна“.

Неодамна најави дека развиваат мултимодален AI кој функционира „онака како што вие природно комуницирате со светот“, и го најави првиот производ за следните неколку месеци. Компанијата отвори канцеларија во помирниот дел од „Mission District“ во Сан Франциско, неколку улици оддалечен од „OpenAI“.

Мета и Талок: Уште една пропуштена можност

„Wired“ претходно објави некои детали за обидите на Мета да „грабне“ таленти од „Thinking Machines“.

Ендрју Талок, коосновач на компанијата, бил во центарот на жестока кампања. Цукерберг и Александер Ванг, новиот шеф на лабораторијата за суперинтелигенција во Мета, му испратиле серија пораки обидувајќи се да го убедат да им се придружи.

Роден во Австралија, Талок дипломирал на Универзитетот во Сиднеј со највисок просек меѓу студентите на природни науки. Работел на машинско учење во Фејсбук 18 месеци пред да запише магистерски студии на Кембриџ, а потоа се преселил во Калифорнија каде што станал „distinguished engineer“ во AI тимот на Фејсбук – една од највисоките технички позиции во компанијата. „Дефинитивно беше познат како екстремен генијалец“, изјавил Мајк Вернал, поранешен директор во Фејсбук кој соработувал со него.

Уште во 2016 година, три години откако Талок се приклучил на Фејсбук, претседателот на „OpenAI“, Грег Брокман, се обидел да го регрутира. Во е-пошта до Илон Маск, Брокман навел дека Талок во тоа време добива годишна плата од 800.000 долари во Фејсбук и дека најверојатно ќе бара повеќе. „OpenAI“ тогаш нудел 175.000 долари годишно, плус бонус од 125.000.

„Ендрју е многу блиску до тоа да каже да. Но, загрижен е поради големиот пад на платата“, напишал Брокман на 21 февруари. Талок тогаш не се согласил.

Во „OpenAI“на крајот му се придружил дури седум години подоцна – во момент кога „ChatGPT“ веќе станал глобален феномен, а вредноста на компанијата драматично пораснала.