Српскиот рапер Раста уапсен во Охрид

A1ON.MK

03/08/2025

13:02

1.751

Големина на фонт

а а а

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен синоќа во Охрид поради поседување наркотици, јавуваат српските медиуми. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.

Раперот бил приведен пред хотел во Охрид од полицајци, пред очите на минувачите. Раста тргнал на стадионот каде што требаше да настапи, тврди српски Телеграф.


Министерството за внатрешни работи објави за приведувањето на српски државјанин со иницијали С.Ѓ.

– На 03.08.2025 во 00.10 часот на стадионот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишиле С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во информацијата од МВР.

Раста веќе беше уапсен во октомври 2020 година кога полицијата пронашла пет грама марихуана кај него, по што беше три месеци во притвор, а потоа беше осуден на осум месеци.