Актерката Јелена Јованова со емотивен статус за хуманитарната катастрофа во Газа им се обрати на родителите: „Изгладнувањето не е одбрана, гладот не е оружје!“

Точка

25/07/2025

13:17

891

Големина на фонт

а а а

Македонската актерка Јелена Јованова, позната по улогата на Јелена од Драчево во македонскиот ситком „Преспав“, на социјалната мрежа Фејсбук објави статус кој сите треба да нѐ замисли.

Актерката реагира на хуманитарната катастрофа која моментално се случува во појасот Газа, а во својот статус им се обрати на родителите, прашувајќи ги какви вредности им пренесуваат на своите деца во време кога страданијата се „оправдуваат“ со политиката.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„Што им порачавте денес на вашите деца?

Сигурно ќе ве прашаат вечерва.

На оние во Газа кои умираат од глад, чии мајки ги хранат со сол и вода – не за да бидат здрави, туку за да ги одржат во живот барем уште еден ден, на оние што не се ни живи ни мртви, туку скелети што се движат – е јасно!

Што ќе им кажете на вашите? Којa морална, ХУМАНА лекција ќе им ја пренесете?

Каде, на пиедесталот, ќе им ја сместите емпатијата, а каде рамнодушноста?

Сигурно ќе им спомнете: „Ама ќерко моја, сине мој, не се разбираш во политика.“

77

Sto im poracavte denes na Vasite deca?

Sigurno ke Ve prasaat vecerva.


Na onie vo Gaza koi umiraat od glad, cii majki...

Posted by Jelena Jovanova on Thursday, July 24, 2025

Се надевам ќе ви одговорат: „За да го разбереш човековото право, хуманоста, не треба да ја разбираш и политиката!“

Дека во Газа има недостаток на храна?

Се надевам ќе ви кажат: „Не, во Газа се случува воен злостор. Геноцид.“

Дека секој има право да се брани?

Се надевам ќе ви кажат: „Изгладнувањето не е одбрана! Гладот не е оружје!“

Дека и онака не можеме ништо да направиме?

Се надевам ќе ви кажат: „Одговорноста е колективна, ама и срамот кога истата не се презема!“

Дека е касно и треба да спијат?

Се надевам ќе ве прашаат: „Што за вас е поважно од човековиот живот?“

…се надевам!“.


Таа на својата објава доби многубројни допаѓања и уште поемотивни коментари, а некои од нив се следни:

„Некои дури ги хранат и со песок“, „Далеку е емпатијата и човечноста од тие што се закитиле со самољубие и полни џебови, за жал...“.