„Ќе пиеме пиво пред продавница и готово“: Турист покажал колку платил 2 точени пива во Грција и расправата започнала

Точка

25/07/2025

13:43

15.301

Големина на фонт

а а а

Летувањето во Грција повеќе не е онакво какво што било некогаш, барем доколку прашате еден српски турист којшто на Фејсбук страницата „Грчка инфо“ споделил сметка од популарно летувалиште Калитеа.

На сметката јасно пишува, две точени пива 17 евра, односно 8,5 евра една кригла пиво.

„Две точени пива во Калитеа, одлична цена за избегнување... Sunway beach bar“, напишал тој покрај фотографијата од сметката.


„17 евра, машала“, напишал некој друг човек во коментар.

Друг додал: „После се жалат зошто рестораните им се празни. Ќе пиеме пиво пред продавница и готово“.

Имало и такви кои споделиле сопствени искуства:

„Ужасни им се цените, ние сме во Полихроно, баш е скапо. Но, нивното национално пиво е 6 евра во кафуле, тоа е лудило“.

Од друга страна, имало и такви луѓе кои сметаат дека доколку сте на летување треба да знаете дека трошоците се поголеми.


„Доколку одите на летување, тогаш зошто е проблем да го платите пивото 4 евра?“, друг додал:

„Во центарот на Нови Сад и Белград пивото чини речиси исто толку“.