Пристигнал во хотел, но не бил подготвен за глетката што го дочекала: „Никогаш не сум видел такво нешто“

Точка

24/07/2025

21:15

9.386

Големина на фонт

а а а

Работник во авиокомпанија доживеал необично искуство кога, по напорен ден, пристигнал во хотелска соба во близина на аеродромот и сфатил дека нешто не е во ред со погледот од собата.

Гостинот, 29-годишен маж од Калифорнија кој сакал да остане анонимен, неодамна престојувал службено во хотелот „Sheraton Detroit Airport“. При влегувањето во собата, од другата страна на просторијата забележал големи стаклени врати. Но, наместо да водат кон балкон или тераса, тие директно се отворале кон ресторанот на хотелот, сместен во фоајето.

Уникатно, но непријатно искуство

Бидејќи често патува поради работа и престојува во многу хотели, ова го опишал како „чудно искуство“ какво досега не доживеал, додавајќи дека наутро можел да ги слуша гостите во ресторанот бидејќи вратите немале звучна изолација, што предизвикало непријатност.

My hotel room opens into the lobby restaurant
byu/afk3 inmildlyinfuriating


Објавата стана вирална

Своето искуство го споделил на „Reddit“, каде што објавил фотографија од собата со поглед кон гостите што вечераат. „Мојата хотелска соба се отвора кон ресторанот во фоајето“, напишал во описот. „Можеби сум неупатен, но никогаш не сум видел вакво нешто.“

Објавата брзо привлече големо внимание и собра над 47.000 гласови, а корисниците во коментарите изразуваа свое зачудување. „Можеби и не би било толку лошо да не беа целосно стаклени врати за терасата“, напиша еден. Други се шегуваа на сметка на ситуацијата: „Може ли да добијам еден чизбургер за носење? Ќе јадам во мојата соба“ и „Погледнете колку ви е голем балконот, поголем од собата!“

Гостинот објаснил дека не побарал замена на собата бидејќи бил на службено патување и имал многу ограничен распоред. Во собата, вели, влегол преку нормален ходник и останал збунет кога од другата страна открил излез кон фоајето.