Жизел Бундхен го прослави својот 45. Роденден и за првпат објави фотографии од 5-месечниот син

Точка

24/07/2025

19:02

1.128

Големина на фонт

а а а

Жизел Бундшен сподели редок и трогателен момент со своите 22,9 милиони следбеници на Инстаграм – ретки фотографии од нејзиниот петмесечен син.

Бразилската манекенка го прослави својот 45-ти роденден, а покрај своето дете, објави и фотографии со своето семејство, направени во природа, опкружени со зеленило и мир. Таа се сети и на својата покојна мајка.

„Не бев често тука во последно време, но сакав да одвојам еден момент да им се заблагодарам на сите за топлите желби за роденден. Толку сум благодарна за уште еден круг околу Сонцето и уште поблагодарна што го поминав во природа, опкружена со љубов и моето семејство. Денес е и роденден на мајка ми. Многу ни недостига, но знаеме дека е секогаш со нас. Продолжувам да верувам и да го дочекувам животот со отворено срце, благодарна за сè што допрва доаѓа. Испраќам љубов на сите“, напиша таа во описот на објавата.


Да спотсетиме, Жизел го роди своето трето дете во февруари оваа година. Ова е нејзиното прво дете со партнерот Хоаким Валенте, а има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер,Том Брејди. Двајцата се разведоа во 2022 година по 13 години брак.

Со тренерот по џиу-џицу е во врска од 2023 година.

Жизел и тренерот по џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година. „На почетокот беа добри пријатели. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше сè да го држи во тајност додека не се запознаат подобро. Тој ѝ беше голема поддршка додека минуваше низ разводот. Нивното пријателство по нејзиниот развод прерасна во нешто повеќе“, изјави претходно извор за странските медиуми.


Првпат се најдоа на насловните страници на медиумите во февруари 2022 година, кога манекенката сподели видео од тренинг кај Валенте на Флорида. Подоцна истата година поттикнаа гласини за врска за време на посетата на провинцијата Пунтаренас во Костарика, само две недели по финализирањето на разводот на Жизел од НФЛ ѕвездата Том Брејди.

Во следните неколку месеци парот беше виден на заеднички излегувања. Сепак, тогаш Жизел ја негираше љубовната врска со Хоаким. „Мислам дека во овој момент сите ќе ме поврзуваат со некого, бидејќи се разведов,“ изјави тогаш манекенката за „Vanity Fair“.