[ВИДЕО] „Точка“ предлози: Три напнати мини-серии кои вреди да ги погледнете, достапни на „Netflix“

Точка

24/07/2025

15:14

1.144

Големина на фонт

а а а

Напнат трилер, психолошка крими мини-серија и шпански романтичен трилер, се нашите три препораки за гледање филмови.

Барате нешто ново за гледање? Еве три одлични препораки кои може да ги гледате на „Netflix“: напнат трилер, мини-серија за психолошкиот криминал и шпански романтичен трилер.

Овие серии нудат разновидни жанрови и сигурно ќе ви го привлечат вниманието.

„Untamed“

Напната мини-серија од шест епизоди. Ерик Бана го толкува ликот на специјален агент којшто го истражува убиството во Националниот парк Јосемити. Интересна и мрачна, серијата е комбинација од мистерија со преплет на природата, така што сигурно дека ќе ви се допадне.

„Adolescence“

Британската криминалистичко-психолошка драма со четири епизоди, снимена е во еден непрекинат кадар. Таа го следи апсењето на тинејџер обвинет за убиство. Фалена поради режијата, глумата и атмосферата, серијата ги воодушеви гледачите ширум светот.

„El jardinero“

Шпанскиот романтичен трилер е снимен во шест епизоди. Ја следи приказната на мајката и синот кои го користат градинарството како параван за својата работа со убиствата.

Кога синот ќе се заљуби во личност која треба да ја елиминира, нивната мирна рутина се распаѓа. Напната, мистериозна и визуелно привлечна, идеална за гледање во текот на викендот.