„Само мој ” е новата песна шеста по ред на младата и талентирана пејачка Тијана Периќ, која во 2023 година дебитираше на „Макфест” и ги освои симпатиите со композицијата „Бумеранг”.
Песната ја компонираше Иван Петровски кој ја подготви, музиката и аранжманот и се погрижи за микс мастерот, додека текстот го напишаа Иван Петровски и за прв пат и Тијана се потпишува како автор на текст. За видеозаписот на песната се погрижи @bili.d ( Artistic Production, Solution Plus Studio ) а монтажата е дело на Филип Димитриевски. кои направиja еден навистина еден преубав проект. Текстот е создаден со искрена емоција и од срце и како што вели Тијана во објавата.
-Горда сум на мојот нов проект кој што почна само со многу голема љубов, желба и конекција помеѓу две срца а заврши во нешто на кое што сум досега најгорда на себе си и на сите луѓе кои заедно го работевме овој проект. Кога нешто правиме искрено и произлегува директно од срцето без никакви лаги и маски, тоа се чувствува. Верувам и се надевам дека и Вие ќе почувствувате барем ронка од нашата љубов, среќа, задоволство и возбуда што ја имавме постојано низ целиот процес на создавањето на “Само мој” како и сега.
Тијана Периќ се занимава со музика уште од најрана возраст, одела во Нижото музичко училиште каде што учела да свири клавир и основи на музиката. Има завршено и средно музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а сега е апсолвент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Веќе 17 години свири клавир, досега имала доста настапи и учествувала на повеќе натпревари. Талентот за музика го наследила од својот татко, кој работи како наставник по музика. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло-пеење Александра Коцевска.