Oва популарно растение е „тивок убиец“ во градината: Експертите предупредуваат да се избегнува неговото садење

Точка

18/07/2025

19:36

13.661

Големина на фонт

а а а

Хортензиите се меѓу најомилените градинарски растенија ширум светот – ги украсуваат дворовите со раскошни, топчести цветови во бои кои варираат од бела и розова до сина и виолетова. Освен што се визуелно впечатливи, хортензиите се релативно едноставни за одгледување, поради што се омилени и меѓу почетниците и меѓу искусните градинари.

Сепак, иако изгледаат нежно и ненаметливо, хортензиите имаат одредени барања – особено кога станува збор за вода, сонце и тип на почва. Како што температурите немилосрдно растат, растенијата кои зависат од влажноста сѐ повеќе слабат. Во областите во кои некогаш без проблем успевале, овие растенија сега едвај ги поднесуваат сѐ појаките горештини и продолжените сушни периоди, пишува „Вечерњи“.


Знаците на проблемот се јасни: лисјата изгледаат изгорени и извитоперени, боите кои некогаш беа сјајни стануваат безбојни, речиси кафени. Ако забележите дека гранките висат наместо да стојат исправено – тоа е непогрешлив знак дека вашата хортензија има сериозен проблем.

Затоа сѐ повеќе професионални градинари им советуваат на своите клиенти да размислат за алтернативи отпорни на суша, кои и понатаму нудат богат спектар на бои, но бараат значително помалку вода. Некои од предлозите вклучуваат растенија како лаванда, калифорниски јоргован и руска жалфија – сите редум убави, цветни и исклучително отпорни видови кои не бараат многу одржување.


За дополнителна практичност, се препорачува градинарите да садат луковици отпорни на суша во делови од дворот кои обично се постудени и повлажни, за да создадат градина што подобро ги поднесува неповолните временски услови. Тоа може да вклучува повеќегодишни растенија што цветаат на есен, како и внимателно одбрани пролетни садења што идеално треба да се засадат пред почетокот на топлотните бранови.