[ФОТО] Туристка ја фотографирала плажата во Макарска во 7 часот наутро: „Дали и вам ова ви е бедно?“

Точка

18/07/2025

14:05

4.465

Големина на фонт

а а а

На „Reddit“ била споделена фотографија од плажа во Макарска во седум часот наутро, а сцената предизвикала дебата.

Имено, на фотографијата се гледа како плажата од раните утрински часови е покриена со пешкири кои капачите ги оставиле за да си го „резервираат“ своето место.

„Дали ова ви е бедно? Една жена ја фотографирала плажата во седум часот наутро во Макарска. Изгледа дека луѓето доцна навечер ги „резервираат“ своите места на плажата така што оставаат пешкири и камења. Да ги поместела, сигурно би „летале пердуви“ кога луѓето би дошле. Имате ли вие вакво искуство или мислење за ова“, напишала анонимна корисничка на социјалната мрежа.

Da li je I vama ovo supacki?
byu/Tiny-Plan3893 inAskSerbia

„Ќе дојдеш и ќе расфрлаш сѐ“

Нејзината објава предизвикала бројни коментари, а многумина напишале дека осудуваат такво однесување.

„Одиш по ред, ги собираш пешкирите и лежалките, па ги носиш на пазар“, „Јас би дошла и би ги расфрлала сите пешкири. Каква резервација на место, тоа е исто како да си резервирам клупа во парк. Јавна површина е тоа“, биле дел од коментарите.

Во коментарите се огласиле и Хрватите и напишале дека комуналните редари наутро ги обиколуваат плажите и ги фотографираат работите, а враќањето на истите се наплаќа, баш како казна за непрописно паркирање. Но, некои додале дека таа пракса не се спроведува редовно, па и натаму владее неред.


„Тука поминуваат и комунални редари и сѐ собираат. За жал, поминуваат само еднаш околу 6 часот, па луѓето знаат дека околу 6:30 можат да си резервираат место“, напишал некој корисник.